Видови и особини на прозорците
3. Основни функции на прозорецот
Заштита од студ и топлина
Прозорците треба при неповолни климатски влијанија да ги задоволат нашите барања за комодитет, да не заштитат од студот и да ја сочуваат топлинската енергија која ја добиваме од системот на греење.
Тие исто така треба да не штитат и од летните горештини. Што значи дека прозорецот ни е потребен како топлински изолатор и во лето. Повеќекоморниот PVC профил, квалитетните термоизолациони стакла, добро заптивање се карактеристики кои треба да ги земеме предвид при изборот на прозорците (вратите).
Заштита од дожд
Прозорецот се состои од три основни елементи: крила во кои е стаклото, рамка во која налегнуваат крилата, а за заштита од надворешните атмосферски влијанија најважна улога имаат лајсни за заптивање кои спреќуваат влегување на водата.
Заштита од продор на кондензирана пареа низ прозорецот на внатрешноста на објектот
Бидејќи PVC прозорот во внатрешноста на профилот има т.н. топлински мостови постои можност за појава на кондензација на одредени места.
Ако прозорот го оставиме отворен "на кип", при дожд може во внатрешноста на прозорецот може да се појави вода. За да водата не му штети на PVC профилот изглодани се жлебови за одвод на водата – тие имаат жлеб од надворешната страна на рамката така што водата може непречено да истекува.
Кај некои производители ова не е добро изведено, па има собирање на водата на рамката, а ако и металното појачување не е отпорно на корозија, може да се случи после 3-4 години од отворите за кондензат да тече жолта течност која ќе остава дамки.
Заштита од бучава
Најважна улога во заштита од бучавата освен самото стаклото, има и спојот на сталото и крилото, заптивањето на крилото и рамката, како и монтажата на прозорот – спој на рамката и ѕидот. Резултатите од мерењето зборуваат дека со слабо заптивање во внатрешноста на самиот прозор звучната изолација се намалува за околу 3-4 dB. Истотака големо влијание има и заптивањето на кутијата за ролетната. Заштитата од бучава се означува со ознаката Rw. Доколку Rw=31 dB, интензитетот на звукот со поминување низ прозорот се намалува за 31 dB. Како за информација нормалниот говор изнесува 55-65 dB, гласниот говор до 85 dB, викање при говор до 100dB, пеењето до 85 dB итн.
..претходна     следна..