| Базени:
Вовед
Инвестиција, димензии и форма на семеен базен
Позиционирање на базенот
Армирано-бетонски базени
Готови базени од пластични маси
Монтажни базени
Одржување на базени
Опрема за базени
|
|  |
| Инвестиција, димензии и форма на семеен базен
Ред на инвестиција
При донесување на одлука за изградба на базен најдобро е да се консултира професионалец од оваа област, но добро е и да се знаат некои основни податоци од оваа област .
Пред сè треба да се знае дека желбите и реалните можности кои се очекуваат при изградба на базен можат многу често да бидат усогласени доколку се направат одредени компромиси. За да се направи ова треба да се познаваат одредени елементи при донесување на одлуката. Еден од најважните моменти е ред на големина на инвестицијата.
Базенот може да биде изведен на повеќе различни начини, а исто така може да биде и различно опремен, со што големината на инвестицијата може да се движи во многу широк дијапазон. Изборот на големината на инвестираните средства при изградба на базен може да се спореди со избор при купување автомобил - базенот може да биде на ниво на “Југо”, но може и да биде на ниво на “Мерцедес”. Важно е да се напомене дека со правилно планирање може да се овозможи фазна надоградба така да со тек на време "Југото" се претвори во “Мерцедес“.
Истотака, кога веќе се прави споредба со купувањето на автомобил, треба да се напомене дека базенот, како и автомобилот бара одредени финанскиски средства за негово одржување. Овие издатоци со правилно планирање може да бидат предвидени со релативно голема точност.
Димензии на базенот
При одредување на димензиите на базенот треба да се земат предвид намерите на идните корисници, како и просторот кој е на располагање. Базенот кој би служел исклучиво за капење и брчкање во вода ќе ги задоволи потребите и со должина од
4 - 5m и 1,2m длабочина. Меѓутоа, оние кои сакаат и да пливаат во својот семеен базен не би требало да размислуваат за базен пократок од 6,5m. Исто така при изборот на димензијата на базенот треба да се обрне внимание да не се наруши складот меѓу куќата и останатиот дел од дворот.
Во меѓународната литература за семејни базени најпопуларни се базените со димензии 8 x 4 x 1,5m. Базенот со должина 8 m пружа добри можности за пливање. Ширина од 4 метра нуди складност на обликот, но и можност две лица да пливаат во исто време, а длабочината од 1,5m нуди безбедност за скокови на глава, што многу често спаѓа во желбите на корисниците. Често многумина имаат погрешна проценка за потребната длабочина на базенот, сметајќи дека длабочината треба да изнесува 2m (најмногу поради длабочината на спортските базени). Длабочината од 1,5m нуди голема безбедност при скокање во вода со широк лак. Од друга страна, за скоковите во вода од трамбулина потребно е базенот да има длабочина од најмалку 3m. Исто така, семејните базени, не служат исклучиво за пливање, па така длабочината од 1,5m нуди можност да се застане на дното на базенот. Во прилог на ова зборува и фактот дека скоро сите производители на монтажни и готови базени имаат стандардни длабочини од 1,2 или 1,5m. Зголемувањето на длабочината доведува до поскапување на базенот поради зголемување на градежните активности, а исто така и до зголемување на финансиски средства кои треба да бидат издвоени за одржување. Компромисно решение кога станува збор за изборот на длабочината е базен со променива длабочина, со што на едната страна ќе биде подлабок, а на другата поплиток.
Дилема при изборот на длабочината на базенот често се јавува поради децата. Во врска со ова треба да се имаат предвид два факти: првиот, дека децата брзо растат и вториот, дека децата во подлабока вода, но во семејно опкружување, кое носи чувство на сигурност, многу брзо учат да пливаат. Од овие причини не се препорачува градење на базен поплиток од 1,2 m.
За крај треба да се истакне дека со зголемување на димензиите на базенот, трошоците несразмерно растат, како по однос на трошоците за изградба, така и во однос на трошоците на
одржување. За базени преку 12 m веќе се поставува прашање за исплатливост на инвестицијата.
Форма на базенот
Самата појава на градење на семејни базени претставува одраз на зголемување на културата на живеењето. Како што градењето на станбените објекти нема само за цел да се задоволи потребата на човекот да се има “покрив над главата“, туку треба да се задоволат и одредени естетски критериуми, така и базените со својата форма треба да внесат склад во целината која ја прави со дворот и куќата, без притоа да се загуби функционалноста. Правоаголните базени со широчина приближно еднаква на половина должина нудат нудат релативно складна форма и доколку ја имаат потребната должина, ги задоволуваат условите за пливање и нудат наједноставно техничко решение. Притоа правоаголните базени можат да бидат класични – со четири прави агли, или со заоблени краеви од едната или од двете страни. Секое отстапување од правоаголната форма бара внимателно проектирање и претставува покомплициран потфат за изведување, како и поголема инвестиција.
До неодамна единствено армирано бетонските базени нудеа можност за неправилчни облици. Во поново време, прилагодувајќи се на трендовите кои се присутни на пазарот, се поголем е број на производители на готови и монтажни базени кои нудат широка палета на форми на базените.
|
|