Видови и особини на прозорците:

Вовед

Зошто да се изолираат просториите

Улога на изолацијата

Каде најчесто се одлива топлината

Останати места на кои се губи топлината

Основни видови на изолационен материјал

А сега на работа

Изолација на вратите и прозорците

Заштедете пари и енергија со
подобрување на изолацијата на Вашиот дом

2. Зошто да се изолираат просториите?

Загревањето на Вашиот дом во зимските месеци може да учествува во вкупната енергетска потрошувачка и до неверојатни 50-70%. Приближно 20% од тоа се троши за загревање на водата во бојлерот и машината за перење алишта. Прва мерка за заштеда во секој дом е планско користење на топлинските уреди за време на студените месеци.

Недоволната топлинска изолација е случај кај повеќето куќи и станови . Најголемата причина за тоа е недоследното почитување и контрола на стандардите во градежништвото, како и застареност на тие стандарди и на самите топлотни изолации (кај старите градби). Треба да се земе предвид фактот дека изолацискиот материјал како што е стаклената волна, плочите изработени од синтетички материјал, а особено природните изолациски материјали (на пример трската) со текот на времето губат од своите изолациски карактеристики поради дејството на времето и влагата, така што ако вашиот дом некогаш и ги задоволувал стандардите на топлинска проводливост, сега веројатно “работи со загуба“. Основниот физички закон за одржување на енергијата налага дека тој кусок на енергија мора да се надокнади, а тоа го правите вие, од својот паричник.

..претходна     следна..