Видови и особини на прозорците:

Вовед

Зошто да се изолираат просториите

Улога на изолацијата

Каде најчесто се одлива топлината

Останати места на кои се губи топлината

Основни видови на изолационен материјал

А сега на работа

Изолација на вратите и прозорците

Заштедете пари и енергија со
подобрување на изолацијата на Вашиот дом

8. Изолација на вратите и прозорците

Еве како може лесно да откриете во која мерка Вашата врата заптива. Во текот на ноќта (или со угасено светло, ако се работи за внатрешна врата) застанете пред вратата и осветлете ја нејзината рамка со батериска лампа. Поставете некого од другата страна на вратата да набљудува дали светлината проаѓа низ шуплините на вратата помеѓу рамката и вратата. Тоа се местата низ кои ќе влегува во зима студен воздух. Овој проблем релативно по лесно се решава со користење на гумирана или сунѓереста самолеплива лента која се лепи на површините од вратата кои налегнуваат.

Доколку после интервенцијата забележите отежнато затворање на вратата, намалете ја дебелината на изолацијата на критичните места, бидејќи лошо затворена врата прави повеќе штета отколку корист. Не заборавајте да проверите дали околу рамката постојат некои шуплини во ѕидот – ако постојат, наполнете ги со пур-пена или некој друг погоден изолационен материјал.

Доколку бравата е лоша, па вратата сама се отвора, задолжително поправете ја, бидејќи ќе бидете непријатно изненадени кога вратата ќе ви се отвори на сред ноќ, па ќе се разбудите во потполно студена соба.

Доколку зјајот меѓу рамката и вратата е поголем од можноста лентата да заптива, може на рамката да заковате тенка дрвена лента и со тоа да го намалите зјајот. Уште едно проблематично место е големиот зјај под вратата. За да ја утврдите потенцијалната опасност, користете Поштарски тест: земете лист на подебела хартија или картон (на пр. разгледница или плико) и пробајте да ги бутнете под врата. Доколку сте успеале, бидете убедени дека на ист начин во Вашиот дом ќе влезе дожд, ветар, кал, прашина и други несакани гости. Овој проблем најчесто се решава со поставување на повисок праг, кој се сведува на минимум – колку вратата да може да се отвора и затвора без проблем. Алтернативно може да ја зголемите висината на стариот праг со заковување на летва, метална/месингана лајсна или со лепење на парче иверка или гума.

Доколку не сакате/не можете да го модифицирате прагот од естетски причини, можете летвичката или гумата да ја прицврстите на долната ивица од вратата (за што е потребно малку повеќе труд, бидејќи морате да ја демонтитате вратата и потоа повторно да ја монтирате, често и до неколу пати додека не се постигне саканиот зјај). Оваа интервенција задолжително треба да се изврши на надворешната врата, вклучувајќи ја и вратата од помошните простории, гаражи, подруми, остави итн. Прозорците се обработуваат многу слично како и вратите, со таа разлика што тестирањето на квалитетот на изолација е нешто поинаков. Во тек на ветровит ден најчесто може со просто наслушнување и со прислонување на осетливите површини на кожата (на пр. образот) да осетите мали млазеви на студениот воздух кој влегува низ затворениот прозор. Покрај тоа може да земете парче жица, на него да закачите еден слој хартиено шамивче и да гледате каде ќе постои проток на воздух кој ќе ја мрда хартијата во насока на прозорот.

Доколку имате можност, најдобро е целокупната столарија да ја замените со квалитетна, ПВЦ или алуминиумска, која заптива многу подобро од конвенционалната дрвена столарија. Додека не заштедите пари за тоа, послужете се со истите трикови како за вратата – доста стрпливост и самолеплива лента. Постојат и посебни намази со кои може да се третира надворешноста на прозорецот како би се отстраниле микроскопските отвори низ кои минува студен воздух. Внимателно проучете го и китот околу ивицата на стаклото: доколку е стар, китот може да испука и да испадне од окното, така што околу стаклото остануваат дупки низ кои струи студен воздух – доколку ги забележите, набавете стакларски кит и затнете ги.

Доколку столаријата е дотраена и не може да се “закрпи“ на горенаведените начини, пополнете го просторот помеѓу крила со некоја крпа завиткана како “палачинка“, сунѓер или друго средство – и тоа многу ќе помогне во Вашата борба против студот и трошоците за загревање.

Наместо заклучоци, ќе наведеме некои сознанија од разни истражувања за навиките на потрошувачите на ел.енергија и можноста за заштеда: верувањето дека струјата ќе биде најефтин енергент за греење е погрешно. Овие истражувања укажуваат дека со набавка на алтернативни извори на греење и топлотна изолација на просториите може да многу поефтино да не чини загревањето на домот. Со термоизолационите материјали (пур пена, гумени ленти, силикон итн), ќе заштедиме 35 до 40% енергија, а истовремено во просториите ќе ја зголемиме температурата за 2-4 степени. Ивестицијата во вложување во изолациони материјали се исплатува за 2 месеци, а трае најмалку три грејни сезони.

..претходна