Заштедете пари и енергија со
подобрување на изолацијата на Вашиот дом
5. Останати места на кои се губи топлината
Од гореприкажаната табела може да се заклучи дека покрај главните “потрошувачи“ кои веќе беа споменати, постојат и топлински одводи за кои веројатно не сте знаеле. Низ нив се губи само помал дел од топлината, но важен е фактот дека тоа се места каде самите може да направите голема заштеда.
Колку ви е потребно време да извршите заптивање на отворите низ сите инсталациски цевки и електрични утичници? Можеби ни едно цело попладне, а тие собрани даваат 15% од вкупните губитоци! Ако при тоа се додадат прозорците, вратите и поединечни вентилациски отвори (за кои исто така не ви е потребна поголема инвестиција), ќе видите дека може сами да елиминирате преку 60% од сите можни топлински одводи во Вашиот стан или куќа. Доколку имате време и малку средства, препорачливо е и да ги обложите таваните на подрумите и подот на Вашиот таван со изолациони плочи од синтетички маси и полимери.
Бидејќи ова се простории во кои влегувате само вие, изведбата не мора да биде совршена (дури може и да се прескокне завршната обработка), а цената на плочите е релативно ниска. Не ви е потребен никаков посебен алат, а плочите за подлогата се прицврстуваат најчесто со синтетички лепила кои многу лесно се нанесуваат и брзо се сушат.
..претходна     следна..