Видови и особини на прозорците:

Вовед

Зошто да се изолираат просториите

Улога на изолацијата

Каде најчесто се одлива топлината

Останати места на кои се губи топлината

Основни видови на изолационен материјал

А сега на работа

Изолација на вратите и прозорците

Заштедете пари и енергија со
подобрување на изолацијата на Вашиот дом

4. Каде најчесто се одлива топлината

На прикажаниот графикон за една просечна куќа може да се забележат најчестите места на кои топлината се губи во надворешната средина:

Таваните се огромен “голтач“ на топлина од другиот дел од куќата. Доколку не ги користите како животен простор, задолжително темелно изолирајте ги просториите од другиот дел на куќата (да речеме отворот кон таванот обележен со 1А може да се тапацира со сунѓер од горната страна, а вратичката може да се обложи со самолеплива гумирана или сунѓереста лента). Доколку сте во можност, обложете го подот на таванот (или само деловите кои се над просториите кои ги греете) со плочи од полимерни материјали или стаклена волна. Ако случајно постои некои отвор низ меѓуспратната конструкција, затнете ги со пур-пена, силикон и слични смеси.*

Кај подкровјата кои се користат како станбен простор, посебно внимание треба да се обрне на:

- 2A: преградни ѕидови кон деловите кои не се грејат;

- 2B: делови кои директно се ослонуваат на кровната конструкција;

- 2C: тавани над кои просторот е на надворешна температура;

- 2D: што е можно повеќе да се намали протокот на воздух низ подот на поткровјето.

Сите надворешни ѕидови треба што подобро да се изолираат. Особено треба да се обрне внимание на:

- 3A: ѕидовите помеѓу просториите кои се грејат и просториите кои не се користат за живеење, како што се гаражите, шупите, ложите итн.

- 3B: темелни ѕидови над нивото на земјата;

- 3C: темелни ѕидови во подрумите кои се грејат, и општо ѕидови од полн материјал (бетон, полна опека итн.)

Подови над “ладни“ простории. На пр. ходници, гаражи итн... Истотака, треба посебно да се изолираат и:

- 4A: било кој дел од подот кој “виси“ над празниот простор (препуст);

- 4B: подови кои се наоѓаат директно на подот (без подрум под него); **

- 4C: сите отвори на подот, било да се тоа отвори за инсталација, дупки настанати со тек на времето, или зјаеви помеѓу подните облоги;

- 4D: засилете ја изолацијата помеѓу споевите со ѕидовите, како би се спречил проток на воздух.

Обрнете внимание на сите останати отвори и процепи низ кои може да влезе ладен воздух.

Поправете ја столаријата, по потреба (особено ако е стара и дрвена) обложете ја со изолациони ленти, а сите евентуални дупки во околниот ѕид затнете ги со пур-пена и дихт-премази. Доколку сте во можност, набавете што е можно понепропусни капаци за прозорците и вратите, и држете ги затворено што е можно повеќе, особено кога дува ладен зимски ветар.

 

* Добро изолираните тавански и подрумски простории мора често и добро да се проветруваат за да испари насобраната кондензациска влага. Во спротивно ќе се појави проблем со појава на влага во другите делови од куќата и појава на мувла.

** Ако е во прашање новоградба, тука веројатно ќе биде вградена засилена изолација – распрашајте се кој претприемач ја изведувал градбата.

 

..претходна     следна..