Видови и особини на прозорците:

Вовед

Зошто да се изолираат просториите

Улога на изолацијата

Каде најчесто се одлива топлината

Останати места на кои се губи топлината

Основни видови на изолационен материјал

А сега на работа

Изолација на вратите и прозорците

Заштедете пари и енергија со
подобрување на изолацијата на Вашиот дом

7. А сега на работа

Ако ве убедивме во фактот дека можете да постигнете големи заштеди кај загревањето на домот, издвоите еден есенски викенд за подобрување на изолацијата на Вашата куќа или стан. Сопствениците на куќите секако треба да разгледаат колку се ладни нивните простории (таван, подрум, гаража, остава) изолирани од просториите кои ги грејат. Доколку немате доволно финасиски средства да ја подобрите изолацијата баш секаде, утврдете ги вашите приоритети, т.е. размислете каде се губи нaјмногу топлина.

Притоа можат да ви помогнат следните совети:

Ако на таван / во подрум не одите релативно често, можеби е подобро да не губите време на “фенси“ изолација, туку да ја облепите вратата со изолациона лента, а од надворешната страна (во однос на заграниот простор) на нив едноставно да залепите слој од сунѓер или стиропор со дебелина 5-10cm, а потоа да сето тоа го ушушкате со стари ќебиња, најлони итн... и да се трудите таму да не одите до пролет. Слично може да се направи и со прозорците кои ретко или никогаш не ги отворате во текот на зимата. Ако на нив има капаци, пополнете го просторот помеѓу капаците и прозорите со некој изолационен материјал.

Ако помеѓу некоја просторија и надворешната средина постојат две врати (на пр. се минува низ предсобјето), изолирајте ја само надворешната врата – изолација на внатрешните нема да ви донесе голема добивка.

Од внатрешните “ладни“ ѕидови прво за обработка одберете ги оние кои се “голи“, т.е. оние на кои не е подпрен некој плакар, регал или библиотека, бидејќи во тој случај мебелот врши улога на топлотна изолација, особено ако се во прашање плакари (поради дебелиот слој на воздух во нив).

Пред поставување на внатрешната изолација на ѕидовите имајте предвид дека димензиите на просториите ќе ви се намалат за неколку сантиметри, во зависност од дебелината на изолацијата. Пресметајте дали мебелот после интервенцијата ќе може да остане на старото место!

Приоритет дајте им на ѕидовите кои се најприоритетни за обработка, пресметајте ја нивната површина и посетете го најблиското складиште за градежен материјал. Продавачот најверојатно ќе ви препорача полиуретански плочи (најпознат производител е URSA, иако во последно време има и други квалитетни производители), а најверојатно работа ќе ви завршат оние најтенките, со дебелина 1-1,5cm. Не заборавајте со плочите да купите и соодветен лепак, за кој ќе се распрашате во кој однос се меша со вода.

Наносот на лепак е едноставен. Потребна е само назабена мистрија или шпакла, а плочите може да ги лепите на ѕид без претходна подготовка, дури и преку тапетите. Сушењето трае неколку саати, а како завршна обработка се користи најчесто тенок слој (0,5cm, колку да се прекријат нерамнините) глет-маса. После нејзиното сушење ѕидот може да се прекречи или да се покрие со тапети. Позитивните ефекти ќе бидат видливи веднаш по нивното поставување – со едноставно ослонување на раката на ѕидот ќе забележите дека е многу потопол отколку што бил пред обработката.

Доколку имате висок таван (повисок од 2,70m) размислете за вградување на спуштен таван. Со тоа ќе ја намалите површината која се грее за 20%, и со тоа директно ќе се зголеми ефикасноста на греење (ова не е веќе толку едноставна операција за “направи сам“ мајстори, бидејќи сигурно не сакате цел таван да ви заврши еден ден на глава, но цената на спуштените тавани секој стануваат попристапни, со нови едноставни начини за нивна вградба).

Кога сте ги завршиле овие зафати и сте ги остраниле првите 30% губитоци, време е да се помине и на поедноставните одводи на топлина. Како прво, доколку живеете во куќа или имате етажно греење, погрижете се да инсталацијата до Вашиот стан биде што е можно пооптимално изолирана, на пр. доводните цевки да не се “голи“ , да не минуваат низ влажно тло без изолација итн...

Во рамките на станот, проверете ги сите места на кои било која инсталација (греење, водовод, канализација, струја итн.) минува низ ѕидот. Доколку постојат заштитни маски или “розетни“, задолжително ѕирнете и позади нив. Ќе откриете дека кај повеќето вакви отвори (особено кај оние кои се направени дополнително, на пр. за провлекување на кабел за интернет или кабелска телевизија), издупчениот отвор е значително поширок од димензијата на самата цевка или жица. Тоа се места низ кои струи ладен воздух во Вашиот дом.

Овие места можете едноставно да ги затнете со пур-пена, а ако оштетувањата во ѕидот се поголеми, пожелно е да стави малку малтер и/или гипс и да се пополни за да отворот естетски да не двои од остатокот на ѕидот. Задолжително проверете дали во внатрешноста на отворот постои некој поголем шуплив простор, и ако постои, пополнете го со дополнителна доза на пена. Не заборавајте дека на крајот да ги вратите маската/розетната, бидејќи и тие имаат своја улога во топлинската заштита.

Слично направете и со сите дозни и утичници кои се наоѓаат на надворешните ѕидови. Доколку при изработката е направена предлабока дупка, тоа исто така претставува можност студот да влезе во Вашиот дом.

Посебно внимание обратете на оџакот тој мора да биде заѕидан и добро изолиран од кујната. Погрижете се да одводната цевка од аспираторот не служи како довод на студен воздух во Вашиот дом. Проверите дали постојат шуплини кои доведуваат свеж воздух во вашата остава или плакар. Тие се многу корисни и не треба трајно да ги затвораме. Но згодно е ако преку зима ги затвориме со пригодно направен капак, кој ќе се отвора два пати месечно за да се проветрат намирниците.

Тие кои во станбениот простор имаат печка на цврсто гориво веќе знаат дека ако печката подолго време е исклучена, нејзиниот чунак служи како довод на надворешен (студен) воздух. Затоа оптимално е печката постојано да тлее, отколку да стои угасена неколку часови.

Кога завршивме со овие “ситници“, време е да се соочите со последниот предизвик: вратите и прозорците. Овој чекор немојте да го пропуштите, бидејќи може да се испостави дека баш столаријата е најголем “голтач“ на топлината во Вашиот дом.

 

..претходна     следна..