Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб


Со внимателен избор на електричните апарати може да се зачува домашниот буџет, односно да се направат големи заштеди на подолг рок.

Да земеме два екстремни случаи – семејство со стара неекономична машина за перење и семејство со машина од ААА класа. Во овој случај, разликата во годишните трошоци може да биде и трократна, односно енергетски гледано и преку 500 kWh.

Електричните апарати треба да имаат ознака за енергетска класа, која зборува за нивната потрошувачка на електрична енергија. Класите се означени со буквите А+, А, B I C. Во класите B и C се постигнуваат значително помали заштеди од оние во класите А и А+, па затоа е препорачливо да се купуваат уреди од овие класи.

Кога купувате машина за перење садови, доколку е од најнова технологија степенот на искористување на водата е максимален, филтрирањето е подобро, а загревањето побрзо, со што се заштедува енергија.

Комбинираниот фрижидер троши повеќе електрична енергија од моделот без замрзнувач. Сепак, со оглед на потребите, тие најчесто се изборот. Притоа, најдобро е да се одбере модел со автоматско одмрзнување. За илустрација, 5 mm лед може да ја зголемат потрошувачката за 30 %. Енергетски штедливите фрижидерите може значително да заштедат енергија ако правилно се употребуваат. Така на пример, фрижидерот не треба да биде поставен до шпоретот. Исто така, треба да биде оддалечен најмалку 5 сантиметри од ѕидот за да се овозможи непречено струење на студен воздух околу кондензаторот, кој треба. Фрижидерот најдобро штеди кога е поставен во просторија којашто не се загрева, како на пример, остава или подрум. Имено, доколку температурата во просторијата е пониска за 1°С, може да се направи заштеда од 4%.

При купување на машината за перење алишта обрнете внимание на податоците кои зборуваат за нејзината енергетска ефикасност - бројот на вртежи на центрифугата и нејзиниот енергетскиот ефект, потрошувачката на вода и електрична енергија. Како и кај останатите домашни апарати, енергетската способност е категоризирана по класи, па не заборавајте да го видите овој податок. При перењето, со користење на програми за заштеда на вода, може да се намали потрошувачката од 20 до 40 литри.

И при купувањето на шпоретот може да се заштеди во кујната. Шпоретот, плочата за готвење и рерната за печење се значајни потрошувачи на електрична енергија, затоа нивната енергетска ефикасност е важна. Индукциската плоча троши најмалку електрична енергија за загревање бидејќи топлина се појавува само под садот, а при отстранување на садот потрошувачката се намалува на најниско можно ниво. Ова овозможува потрошувачката на електрична енергија да биде минимална.