Во ерата на технолошки иновации, бројот на електронските уреди во домовите се зголемува, а со тоа и потрошувачката на електрична енергија.
Притоа, голем дел од нив по употребата остануваат во „stand by“ мод, па и покрај тоа што не се употребуваат, трошат одредено количество електрична енергија. Поради фактот дека остануваат во „stand by“ цело време, потрошувачката на електрична енергија не е за занемарување.
За илустрација, доколку уредот троши 9 W во „stand by“ мод, цената за неговата годишна потрошувачка во овој мод може да се пресмета на следниот начин:
цена на годишна потрошувачка = број на денови x број на часови во денот x средна цена на 1 KWh x моќност на уредот во „stand by“ мод (kW) = 365 x 24 h x 4.731 ден/ KWh x 0,009 kWh = 373 денари.
Еве листа на одредени уреди и нивната моќност кога се во „stand by“ мод:
• микробранова печка
2-4 W
• машина за перење
2-4 W
• DVD плеер
7-9 W
• безжичен телефон
1-2 W
• LCD телевизор
8-10 W
• печатач
2-4 W
• полнач за лаптоп
2-3 W
• ADSL модем и рутер
10-12 W
• монитор и тастатура
2-4 W