Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот



Еве неколку совети за заштеда на електрична енергија кај фрижидерот и замрзнувачот, кои спаѓаат во големите потрошувачи во домот.



Фрижидер

  • Oдберете фрижидер со идеална големина, според вашите потреби.

  • Oдберете фрижидер со А енергетска ефикасност.

  • Фрижидерот без интергиран замрзнувач е поекономичен.

  • Не го поставувајте фрижидерот до извор на топлина.

  • Нека биде оддалечен на пропишаното растојание од ѕидот (5-10 cm).

  • Неколку пати годишно исчистете ја позадината на фрижидерот.

  • Не ја подесувајте температурата во фрижидерот под 5°C.

  • Вратата од фрижидерот не ја држите предолго отворена.

Замрзнувач

  • Имајте предвид дека празниот замрзнувач троши повеќе енергија отколку полниот.

  • Празниот простор може да се пополни со стиропор.

  • Уредно сложените намирници ќе допринесат за нивно побрзо вадење и помала потрошувачка.

  • Во замрзнувачот не ставајте топли намирници.

  • Идеална температура на замрзнувачот е -18°C.

  • Во случај на прекин на електричната енергија не ја отворајте врата бидејќи на тој начин го забрзувате одмрзнувањето.

  • Неколку пати годишно исчистете ја позадината на фрижидерот.