Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Заштеда при потрошувачка на вода



Питката вода е ресурс чии залихи се ограничени во природата. Со намалување на нејзината потрошувачката, покрај еколошкиот ефект, може и значително да се намалат сметките за вода. Еве неколку совети за намалена потрошувачка:




Топла вода

  • За капење користете го тушот бидејќи се троши и до 50% помалку вода отколку при класичното капење во када.

  • Не ја загревајте водата во бојлерот над 60°С.

  • Кога се бричите или миете заби, не дозволувајте водата постојано да тече од славината.

  • Ако рачно ги миете садовите прво потопете ги во вода и исперете ги со сунѓерче и детергент, па потоа пуштете ја чешмата и исплакнете ги.


Ладна вода

  • Поправете ги сите славини од кои капе или тече вода.

  • На тушот вградете квалитетна глава (слушалка) која троши помалку вода, а има ист ефект на плакнење.

  • Старите казанчиња заменети го нови кои за ист ефект трошат и до 6 литри вода помалку.

  • Внимавајте на исправноста на казанчињата, бидејќи може да се изгуби голема количина на вода.

  • За миење на садовите користете машина – троши помалку вода и струја.

  • Во текот на летото чувајте вода во фрижидерот, така нема непотребно да ја пуштате водата чекајќи да потече поладна вода.

  • Не ја пуштајте машина за алишта полупразна, подобро набавете нова која има можност да пере помалку алишта и ќе искористи пола од потребното количество вода.

  • Ако имате градина, искористете ја дождовницата за залевање на цвеќињата.