| Заштеда во домот:
Потрошувачка во „stand by“ мод
Заштеда на електрична енергија при готвење
Заштеда при потрошувачка на вода
Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот
Заштеда на електрична енергија кај шпоретот
Пасивнa куќa
Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб
Класи на енергетска ефикасност
Соларни системи за греење и подготовка на топла вода
Намалете ја сметката за потрошената струја
|
|  |
| Соларни системи за греење и подготовка на топла вода
Сонцето претставува извор на енергија достапен насекаде. Сончевата енергија може да се користи за загревање и осветлување на домот, затоплување на водата за потрошувачка, како и за директно производство на електрична енергија.
Соларните системи кои се користат за греење и потрошувачка
на топла вода како основен извор на енергија ja употребуваат сончевата енергија. Овие системи во најголем број на случаи се користат како дополнителни извори на топлина, а како основни се користат електрични или плински котли. Имено, нивната употреба во вид на примарни енергетски извори е ретка поради потребата од доволно количество на сончево зрачење преку целата година.
Соларен колектор
Основни делови на соларните системи за подготовка и потрошувачка на топла вода се колекторот, бојлерот за топла вода, пумпа и елемент за регулација (контролер), како и систем за разводот на работниот медиум.
Колекторот е основниот дел на соларниот систем и во него доаѓа до претворање на сончевата енергија во топлинска. Емитуваната сончева енергија минува низ проѕирна површина, која го пропушта зрачењето само во една насока, се претвора во топлина која се предава на работниот медиум (најчесто смеса на вода и гликол).
Бојлерот за топла вода може да биде во две основни изведби:
• Едноставна – наменета исклучиво за подготовка и потрошувачка на топла вода
• Комбинирана – кај системи за греење (составен од два бојлера – еден во друг).
Соларен бојлер
Соларната постројка со пумпата овозможува струење на работниот флуид во соларниот систем , додека елементот за регулација води сметка за ускладување на нејзината работа, во зависност од надворешните временски услови (температурата на воздухот). Постојат и изведби на соларни системи без пумпа (т.н. термосифонски системи), кај кои струењето се заснова на разликата на температурата на топлата и ладната вода, односно разликата во густината.
Работниот медиум е течноста која струи низ цевките на системот, помеѓу колекторот и бојлерот. Во бојлерот доаѓа до размена на топлината со водата за потрошувачка или со водата која се догрева на друг начин. Системот непрекинато се дополнува со нова вода која кружи низ системот и на тој начин се догрева. Како работен флуид најчесто се употребува вода, односно нејзина смеса со гликол или некои други средства кои спречуваат нејзино смрзнување при ниски температури.
Со примена на сончевите колектори се остварува значителна заштеда на електрична енергија и гориво. Еден квадратен метар на сончев колектор може да произведе и до 700W топлина за загревање на вода за потрошувачка или за греење на просториите во домот.
|
|