Заштеда во домот:

Потрошувачка во „stand by“ мод

Заштеда на електрична енергија при готвење

Заштеда при потрошувачка на вода

Заштеда на електрична енергија кај фрижидерот

Заштеда на електрична енергија кај шпоретот

Пасивнa куќa

Домашни апарати кои се грижат за вашиот џеб

Класи на енергетска ефикасност

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Намалете ја сметката за потрошената струја



Пасивни куќи




Првата пасивна куќа е направена во Германија во 1991 година. Станува збор за студија која ја надгледувало и германското министерство за заштита на животната средина. Од тогаш поимот “пасивна куќа” се употребува за секоја куќа во која годишно по квадратен метар не се троши повеќе од 1,5 литри масло за ложење или 15 kWh топлинска енергија.




Разликата помеѓу “пасивни куќи” и “нискоенергетски куќи” е во тоа што кај нискоенергетските куќи е постигнат стандард за максимална потрошувачка од 7 литри масло за ложење, за разлика од 1,5 литри кај пасивните.

Пасивна куќа е објект во кој без активен систем за греење или климатизација се постигнува пријатна температура на просторот и во летниот и во зимскиот период, при што потребите за топлинска енергија не преминуваат 15 kWh/m². Реализацијата на пасивни куќи поставува високи стандарди за квалитетот на примена на компонентите за градба. Сите надворешни елементи, освен застаклените површини, треба да бидат добро топлински изолирани за да коефициентот на премин на топлина не биде поголем од 0,15 W/m²K.

Концептот на куќата, положбата, изолацијата и сите пресметки треба да овозможат практично херметички затворен простор, бидејќи во спротивно драгоцена топлина би излегла преку фугите, споевите и разните отвори.

Особено важна е правилна ориентација на куќата. Големите прозорски површини на јужната страна не смеат да бидат засенети за да пасивните соларни добивки бидат оптимални. Колку е помал отклонот од јужната страната, толку подобро се искористува зимското сончево зрачење со прозорците, а во лето се спречува прегревањето предизвикано со сончевата светлина од западната страна по попладневните часови.

За снабдување со свеж воздух се грижи систем на контролирана вентилација со размена на топлината, каде што влезниот и потрошениот воздух може да пренесе и до 80% од топлината на влезниот воздух. Со други зборови, доколку воздухот во просторијата има 20°C, a температурата во околината е 0°C, температурата на влезниот воздух може да се подигне и на 16°C. Во лето процесот е обратен, па така излезниот воздух ја превзема топлината на влезниот воздух, со што во просториите се одржува пријатна температура без клима уред.

Што се однесува до изолацијата на пасивната куќа, таа треба да изнесува од 25 до 40 cm, проследена со вградување на прозорци со тројно застаклување и врати кои добро ја задржуваат топлинската енергија.




За да дополнително се зголеми енергетската независност на пасивните куќи, можно е да се вгради систем на греење кој го користи фактот дека температурата во внатрешноста на земјата на одредена длабочина е константна, без разлика на годишното време. Со вкопување на цевки и циркулација на вода може да се помогне системот на греење и подготовка на топла вода.

Исто така, и сончевата енергија е бесплатна, па покрај пасивната употреба, можна е и активна употреба – со вградување на сончеви топлински колектори за загревање на водата, и со фотонапонските келии за производство на електрична енергија.