Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Редовни сервиси на клима уредот


За да клима уредот работи исправно и овозможува проток на чист воздух, без појава на прашина и алергии кои може да се појават при наталожување на микроорганизмите во филтерите, потребно е редовно сервисирање и чистење на клима уредот на одредени временски интервали.

Мал сервис се прави еднаш, или два пати годишно, во зависност од микроклимата каде се наоѓа клима уредот. Најчесто се врши на есен и пролет и трае 30 – 45 минути. Во себе вклучува проверка на пристисокот и тепмературата на системот во циклусите на греење и ладење. Доколку се нормални параметрите може да се прејде на процесот на чистење на клима уредот. Во спротивно се дијагностицира степенот на неправилност, односно дефект при работата и се отклонува. Доколку е потребно се додава гас – доколку фали повеќе гас (што се утврдува при контрола на пристисокот), тогаш е јасно дека станува збор за неиправност на клима уредот, која може да потекнува од лошо поврзани споеви, некое зачепување во системот, неисправни вентили итн.

Доколку уредот работи нормално, се преоѓа на чистење и дезинфекција. Прво се вади капакот на маската на внатрешната единица, се вадат филтрите, а потоа и маската. Сите тие се перат и дезинфицираат. Потоа се чисти сакето на внатрешната единица - со одмастувач и четка механички се чисти прашината која се насобрала, а потоа се испира со вода, со што се проверува и проточноста на кондензатот. Потоа сакето се дезинфицира со дезинфекциско средство. На крај, внатрешната единица се склопува. На надворешната единица сакето на задната страна се чисти со четка доколку е потребно.

Голем сервис на клима уредот се прави еднаш во три до пет години. Трае од 50 - 90 минути, во зависност од обемот на работите и пристапноста на надворешната и внатрешната едница. Оваа операција подразбира целосно расклопување на внатрешната единица за да се извади аксијалниот вентилатор, кој е главен генератор на мувлата. Вентилаторот и кадичката за кондезатот се перат и дезинфицира, а остатокот од внатрешната единица се чисти од прашина и мувла. Не е задолжително, но може и сакето од надворешната единица да се измие под притисок.

Практикувањето на редовните сервиси може да го продолжи векот на климата, па и до десет години. Кога зборуваме за нечистотиите во клима уредот, тие може да доведат до прегревање и откажување на компресорот, но пред сè нивното отстранување е најпотребно поради негативното влијание на нашето здравје.