Јоните во природата постојано се создаваат и губат. Соодносот меѓу позитивните и негативните јони зависи од метеоролошките и космичките услови, влажноста, загадувањето.
Присуството на позитивните јони во воздухот најдобро се чувствува кога наидува невреме и кога нивното присуството во атмосферата е неколку пати зголемено, што кај луѓето создава главоболки, нерасположение и замор. Дејството на позитивните јони може да се почувствува и во услови на зголемено загадување на воздухот.
Од, друга страна, негативните јони му даваат на човечкото тело елан и животна енергија. Тие создаваат услови за полесно дишење и делуваат позитивно на расположението. Во природата нивниот број се зголемува со појави како што се дождот, прскање на вода, од фонтана на пример, или под дејство на огин.
Покрај позитивните биолошки ефекти, негативните јони ги врзуваат и честичките кои лебдат во воздухот, како што се прашината, аеросолите, алергените, бактерии итн. и на тој начин ги отстрануваат овие непожелни елементи.
Доколку клима уредот има јонизатор, покрај климатизацијата на просторот, ќе може да ги почувствувате и придобивките од негативните јони во воздухот. Како дополнителна предност, со работата на вентилаторот кај клима уредот, се забрзува циркулацијата на јонизираниот воздух и ефектот на негативните јони ќе се почувствува на многу поголем простор отколку кај стандардниот јонизатор.