Според стручните лица, идеалната вредност на температурата во просторијата каде се спие во зима треба да биде 18-20 ºC.
Телесната температура за време на спиењето е пониска отколку во сосотојба на будност. Таа се подигнува при крајот на спиењето, што е сигнал за телото дека е време за будење. Со температурата од 18-20 ºC, вредност што е пониска од иделаната температура за престор во зима во останатите простории (21-24 ºC) од домот, му помогаме на телото за одржување на сонот.
Доколку температурата во спалната соба е повисока, може да предизвика превртување и немирен сон, па дури и несоница.
Притоа, се препорачуваат природни материјали за прекривките и перниците поради нивното својство на подобри изолатори од синтетичките, и фактот дека подолго ја задржуваат топлината. Доколку душекот има две страни, најчесто памучна и волнена, спијте на волнената за во зима бидејќи истата подобро ја задржува топлината.