Греење:

Централно греење (ѕидно и подно греење)

Греење на електрична енергија

Греење на тврдо гориво

Греење на течно гориво

Греење на природен гас

Греење со клима уред



Климатизација:

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима уред да се избере?

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Совети за разладување на домот

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Инвертер – усовршен клима уред

Клима уред со јонизатор

Капацитет на клима уред изразен во BTU

Каде да се постави клима уредот?

Редовни сервиси на клима уредот

Најчести дефекти кај клима уредот

Идеална температура во спалната соба

Вентилатор или клима уред?



Разладете ја вашата куќа и без клима уред



Летните горештини секоја година се потешко се поднесуваат и се чини дека е невозможно да се преживее летото без клима уреди. Доколку сте нивен противник и сакате да заштедите на сметките за струја, со помош на неколку совети можете во станот или куќата во тек на целото лето да одржувате подносливи температури.




Вообичаено е во тек на летните горештини готвењето да се сведе на минимум, т.е. во вечерните часови да се направи провев. Но освен тоа има уште неколку испробани совети од кои некои лесно ќе ги примените, додека за другите сепак е потребно малку време и пари.

Многу е важно да се има добра изолација како би спречиле во домот да влегува топол воздух. Ако куќата е недоволно изолирана, можеби е време за подобрување на изолацијата. Вложувањето ќе се исплати и преку зима, бидејќи тогаш топлиот воздух помалку ќе се губи и ќе донесе заштеда во греењето.




Топлиот воздух во куќата најчесто влегува преку таванот, односно кровот, помеѓу просторот на катовите, како и помеѓу ѕидовите на греените и негреените простории. За дополнителна изолација може да се употреби станиол. На пример, пластови станиол поставете на внатрешната страна на косите кровни греди. Прицврестете ги само рабовите и така воздухот како изолатор ќе се задржи помеѓу станиолот и кровот.

Загревањето на домот може да се намали и со поставување на сенки на прозорите како оние на автомобилските стакла. Не чини многу, а освен за заштита од топлина ќе послужат и за заштита на паркетот и мебелот од ултравиолетовото зрачење. При поставување на заштитните фолии имајте предвид дека тие ја намалуваат и светлината во домот, па поставувајте ги исклучиво на прозорците кои се свртени кон сонцето.




На јужната и западната страна од домот поставете заштитни тенди и ролетни. Тоа е важно, бидејќи прозорците изложени на сонце се загреваат и после во затворената просторија се создава ефект на стаклена градина. Затоа не е доволно внатре да се постават ролетни и завеси, туку прозорците треба да бидат заштитени и однадвор.

Ако живеете во куќа, доколку посадете дрва, високорастечки грмушки или винова лоза пред прозорците, тие ќе создадат природна ладовина. Истотака изберете ги оние растенија кои во текот на зимата пропуштаат сонце.



Проветрувајте ја куќата кога надвор ќе падне температурата. Доколку сакате да го подобрите струењето на воздухот, набавете вентилатори. Најдобри се оние кои се вградуваат на таванот, но може да послужат и преносливите. Во соба со вентилатор температурата може да биде пониска и 2-3 степени пониска.

Не заборавете ги и предходните совети. Сведете го времето на готвење на минимум и избегнувајте го користењето на печката во тек на врелите денови. Попрво одлучете се за скара во дворот. Апарати кои истотака силно загреваат се машините за перење и сушење алишта, како и пеглите.

Доколку и после примената на овие совети горештината и следна биде неподнослива, размислете сепак за монтажа на клима-уред. И после тоа, може да ги применувате истите совети, кои ќе ви помогнат малку и да заштедите. Со примена на природните методи на разладување, клима-уредот ќе може поретко и помалку да работи, а со тоа ќе ја намалите потрошувачката на електрична енергија и давачките од домашниот буџет.