
При уредувањето на детската соба за деца од различен пол, треба да се земат предвид нивните различни потреби, како и потребата за приватност.
Кога децата се мали потребата за приватност не е толку истакната. Но, во подоцнежниот период таа може да претставува проблем, особено ако децата се од спротивен пол.
Затоа пожелно е за малечките да се одбере една од поголемите соби во домот. Организацијата на просторот пред сè зависи од големината на собата. Ако собата е поголема, таа може визуелно да се подели и да се организира катче за секое дете посебно. Собата може и да прегради со импровизирана тенка преграда. Во едниот крај на собата нека е катчето за момчето, а во другиот – катче за девојчето. Помеѓу нив може да се стават плакари, кои би биле заеднички.
При изборот на бои за деца од спротивен пол, треба да се направи некој вид на компромис. Најдобри се комбинациите кои одговараат и на момчето и на девојчето. Така, погодни се нијанси на зелена боја, со сини или портокалови детали, како и комбинација на портокалова и жолта боја, со зелени и темно сини детали.
Kомбинација на портокалова и жолта боја со темно сина
Сино-зелена комбинација
На момчето и девојчето од претшколска возраст потребен им е поголем простор за чување на играчките, па така во аголот може да се постави кутија и полица за одложување на играчките, сликовниците и приборот за цртање. Ако двете деца се од претшколска возраст, тогаш може да имаат заедничка масичка со столици.
Голем простор во собата зазема и заедничката зона за игра. Покријте ја со тепих, кој може да биде во неутрална беж боја, или со шари – кои можат да се применат и во соби за момчиња и за девојчиња. Покрај тепихот, може да се стават и декорирани перници за седење и игра на подот.
Кога станува збор за деца од училишна возраст, треба да се земат предвид промените и потребите во училишната возраст.
Катчето за момчето од училишна возраст треба да поседува зона за спиење и зона за работа и учење. Се состои од кревет, стол и полици за книгите и играчките. Тука е и просторот за чување на спортската опрема, за инструменти, место за компјутер и музички уреди.
Катчето на момчето може визуелно да се одвои од катчето на девојчето – со различен третман на ѕидовите, со друга комбинација на бојата на мебелот, постелнина со мотиви за момчиња, и слично.
Катчето за девојчето од училишна возраст може да се организира во другиот крај на собата. Тоа, исто така, поседува зона за спиење и зона за работа и учење. Се состои од кревет, работна маса, столици, полици за книги. Може да се постави и огледало, како и полици за украси, играчки и слично. Катчето за девојчето може да се истакне со различен третман на ѕидовите, боите на мебелот и со различна постелнина од момчето. Оваа катче обично е подекоративно и има повеќе украсни елементи.
Зоната за работа и за учење може да има заедничка работна маса, или две засебни работни маси, што е пожелно. Доколку работната маса е заедничка, би било добро да е поголема и да има доволно место за два компјутери.
Зоната за игра во собата за двете деца е заедничка.
Во помала соба, може да јави потреба од поставување од кревет на кат. Во овој случај, двете катчиња од креветот на кат може да се уредат во склад со полот на детето, односно да се истакнат со различен третман на ѕидовите, различна постелнина ...
Двете катчиња од креветот на кат може да се уредат во склад со полот на детето