|
Уредување на детска соба:
Совети за уредување на детската соба
Осветлување на детската соба
Детската соба – свет од бајките
Квалитетна организација на детската соба
Детска соба за брат и сестра
Значење на боите во детските соби
Совети за уредување на катче или соба за бебе
Соба за тинејџер
Плакар за деца
Детска соба за девојче
Полици за детска соба
Помеѓу креветче и кревет
Складирање на предмети во детска соба
Мултифункционалност во детската соба
Уредување на соба за прваче
Совети за уредување на дом со мали деца
|
|  |
| Соба за тинејџер
Вашето дете веќе е тинејџер и сака од својата детска соба да создаде малку посериозен простор, кој повеќе ќе наликува на оној за возрасните отколку за деца.
Тоа не треба да ве загрижува, бидејќи ова е можност за вашиот тинејџер да ги изрази своите размислувања и ставови, но и да се учи да презема одговорност.
Најчестите барања се поврзани со обезбедување на поголем простор за седење и дружење со другарите. Прва работа што треба да ја направи вашето дете е да ја изложи својата идеја. Можеби ќе сака и да се консултира со свои другари. Ова е сосема во ред, а вие потрудете се веднаш да не кажете "не".
Сослушајте го и заедно одредете кои работи сака да ги има во собата. Кои од старите сака да ги задржи, а кои од нив можеби сака да се префарбаат или претапацираат. Во овој случај може повеќебојните површини да ги пребојадисате во една боја, што ќе даде посериозна нота на собата.
Организацијата и складирањето во тинејџерската соба е исклучително важно. Доволен број на полици на ѕидовите, потребни кутии и корпи под креветот се неизоставен елемент.
Честопати една од желбите е некој од ѕидовите да се обои во некоја интензивна боја или можеби дури и да се наслика некој графит. Боите може да влијаат на расположението, па затоа дозволете му да ја реализира својата идеја. Доколку подоцна не му се допаѓа, ѕидот лесно може да се пребојадиса.
Најдобрите декорации за собата се ракотворбите на вашето дете. Урамете ги и закачете ги на видно место. Доколку има медали или пехари, истакнете ги. Некои деца пак се фасцинирани од постери, карти, патокази, плакати. Овозможете им го тоа задоволство.
Како заклучок, дозволете му на вашето дете да го уреди по сопствен вкус просторот во кој спие, учи, се дружи. Неговите идеи се важен елемент во градењето на личноста.
|
|