Уредување на детска соба:

Совети за уредување на детската соба

Осветлување на детската соба

Детската соба –
свет од бајките


Квалитетна организација на детската соба

Детска соба за брат и сестра

Значење на боите во детските соби

Совети за уредување на катче или соба за бебе

Соба за тинејџер

Плакар за деца

Детска соба за девојче

Полици за детска соба

Помеѓу креветче и кревет

Складирање на предмети во детска соба

Мултифункционалност во детската соба

Уредување на соба за прваче

Совети за уредување на дом со мали деца

Плакар за деца



Планирањето на плакарот за деца не е многу поразлично отколку за возрасните. Одберете дизајн кој ќе биде соодветен на потребите. Размислете како детето најлесно може да посегне по работите во плакарот.

Плакар со модуларен систем на организација нуди големи можности за комбинирање при складирањето на здиплената и висечката облека, чевлите, капите, аксесоарите и играчките.

Со внимателно планирање, ниските вратила ќе можат лесно да се поместуваат за закачување на подолга облека. Како детето расте, високите полици, кои служат за складирање на вонсезонски работи, може да се станат простор за секојдневна употреба.




Направете складирањето да им биде забавно, а дизајнот на собата да се пресликува и во внатрешноста на плакарот. Така, доколку детето обожава некој спорт или тим, може да ги постават омилените капи на тој тим или спортските реквизити во плакарот.




Поставувањето на вратила за закачување на облеката треба да биде сведено на минимум, за да се заштеди значителен простор. Покрај ова, за децата многу полесно е да ја стават облеката здиплена во фиоки или кошници, отколку да ја ставаат на закачалки.








Употребувајте кутии или корпи во боја или истите означете ги со налепници, за да децата знаат што треба да стават во секоја од нив.




Кога размислувате за организација на плакар за деца, размислувајте "на мало". Малите фиоки и кутии ќе овозможат полесно да си ги најдат своите работи, без да направат неред. Облеката држете ја на кратки полици и плитки фиоки, за да не мора при вадењето да поминуваат преку куп облека.




За крај, дозволете им на децата и тие да бидат вклучени во планирањето на плакарот. Прашајте ги како ти би сакале да им биде организиран, каде би ги ставиле омилените предмети и сл. Ќе бидете изненадени колку ќе се потрудат да помогнат во организирањето и да го задржат плакарот среден.