При осветлување на детската соба најважен фактор е безбедноста на децата. Светилките во расветните тела секогаш треба да бидат заклонети со цел да се избегне можноста при допир детето да се изгори.
Во детските соби како расветни тела може да се постават мини-рефлектори со држачи кои може да се виткаат, ротираат и вперат во било кој правец за да го осветлат делот за играње, учење, некое хоби итн.
Расветните тела поставени на ѕидот се побезбеден начин на осветлување во детската соба за разлика од осветлувањето со самостоечките расветни тела.
Како децата растат, овие светла можат да бидат искористени за истакнување на други важни работи како што се музички системи или простор за седење и дружење со пријателите.
Регулирање на интензитетот на светлината со регулатор е пожелна функционалност, бидејќи на тој начин децата најлесно можат да се подготват за спиење.
Ако вашите деца често играат на подот, треба да обезбедите такви светилки кои и на ниво на подот ќе даваат здраво и пријатно осветлување.