| Уредување на детска соба:
Совети за уредување на детската соба
Осветлување на детската соба
Детската соба – свет од бајките
Квалитетна организација на детската соба
Детска соба за брат и сестра
Значење на боите во детските соби
Совети за уредување на катче или соба за бебе
Соба за тинејџер
Плакар за деца
Детска соба за девојче
Полици за детска соба
Помеѓу креветче и кревет
Складирање на предмети во детска соба
Мултифункционалност во детската соба
Уредување на соба за прваче
Совети за уредување на дом со мали деца
|
| |
| Совети за уредување на катче или соба за бебе
Очекувате принова во семејството и време е за уредување на катче наменето за вашето бебе. Еве неколку совети:
Најважно при уредување на катчето за бебето е да овозможите потребните работи да ви бидат на дофат на рака. Ова нека ви биде златно правило од кое нема да отстапувате.
Бидејќи голем дел од времето минувате со бебето во рацете, нема да ви биде лесно да се наведнувате и да извлекувате работи од потешко достапни места. Полиците на кои ќе ги држите пелените, кремите, средствата за нега и сл. треба да ви бидат на дофат на рака од местото каде ќе го пресоблекувате бебето. Притоа не треба да го оставате бебето без надзор ниту една секунда, без разлика колку е мало.
Доколку имате посебна соба одлично, а доколку немате, со пребојадисување на ѕидовите може визуелно да го одделите просторот на бебето од останатиот. Боите треба да ви се допаѓаат пред сè на вас, бидејќи во прво време многу време ќе поминувате во тој дел од просторијата.
Доколку не го знаете полот на детето, може да изберете убави нијанси на зелена, жолта или портокалова боја, да поставите или насликате мотиви на природа, животни или некои други унисекс мотиви кои подеднакво им прилегаат и на момчињата и на девојчињата.
Може да направите и катче во неутрална боја, на пример боја на дрво, а потоа исполнете го со детали во боја. За личности кои сакаат често да го менуваат изгледот на животниот простор, ова е наједноставно и најевтино решение. Имено, кога ќе посакате ново уредување ќе внесете неколку нови детали и целиот простор ќе изгледа поинаку.
Нека просторот “расте со вас”. Најубав украс што може да го ставите во бебешката соба ќе бидат интересни рамки со слики на вашето бебе. Така ќе имате за што да зборувате додека разговарате со вашето бебе додека го раните или пресоблекувате, а ентериерот ќе “расте” заедно со бебето.
Предвидете повеќе место отколку што мислите од прва рака дека ви е потребно. Можеби мислите дека за мало бебето треба малку место, но набрзо ќе се уверите дека просторот брзу ќе се исполни и ќе ви биде потребен дополнителен простор. Освен работите потребни за бебето, тука секако се и играчките кои ќе се размножуваат со тек на времето и кои ќе зафаќаат голем дел од просторот.
Катчето за бебето треба да има доволно силно осветлување, но не и прекумерно. Покрај главното осветлување на таванот, може да има и помала столна ламба која ќе ја користите додека детето спие. Во просторијата треба да има завеси или ролетни кои ќе може да спречат влез на сончевите зраци.
|
|