
Виолетовата боја, според истражување спроведено во Велика Британија, носи најмалку сон. Таа ја стимулира работата на мозокот и ја поттикнува креативноста, поради што потешко се паѓа во сон.
Доминантната црвената боја во спалната исто така е непријател на сонот - таа влијае на забрзување на работата на срцето и крвниот притисок, што претставува пречка при заспивањето.
Кафените, сивите, како и златните тонови, не се толку изразени непријатели на сонот како црвената и виолетовата, но не се најповолниот избор кога станува збор за нивното влијание врз желбата за сон.