Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)



6. Не заборавајте на фотељата

Во спалната соба фотељата е мирно место за читање или за пиење шоља чај. Со неа, доколку дозволува просторот, добро е да се стави масичка и лампа за читање, поставени во неискористениот агол во собата или при крајот на креветот.

Доколку немате доволно простор во спалната, можете да поставите вградена клупа кај прозорецот, која ќе ви овозможи поглед кон надвор и природно осветлување.









7. Не дозволувајте да завладее темнината

Спалната соба иако е место за одмор и релаксација, треба да има соодветно осветлување кое ќе овозможи успешно извршување на сите активности. Во основа потребно е едно главно – таванско осветлување и други извори на директна (фокусирана светлина) за читање и други активности.

Осветлувањето на повеќе нивоа и на различни места создава пријатна и романтична атмосфера. Најдобро е кај осветлувањето да може да се подесува интензитетот, во зависност од периодот од денот и расположението.



8. Пружете си луксузна постелнина

Спалната соба, повеќе од било кој простор треба да биде “простор за уживање на сетилата”. Една третина од животот го минување во кревет – зошто тоа време да не не се помине попријатно или во луксуз. Кога станува збор за прекривките, најпрепорачливи се оние со состав 100% памук (поради тоа што синтетиката условно кажано "не дише”). Истотака кадифените перничиња се прекрасна декорација за вашиот кревет.




9. Не ги занемарувајте прозорците

Ставете завеси или драпери со потемен материјал, или завеси со подебел, непровиден материјал за да ја запрете силната сончева светлина. Завесите треба да може да се поместуваат лесно. Доколку се определите за потенки, транспарентни завеси, кои ќе се лелеат на ветрот, искомбинирајте ги со ролетни. Убаво “облечениот” прозорец внесува боја, текстура и мека атмосфера во собата.





10. Не го внесувајте вашето секојдневие во спалната соба

Ѕвонење на мобилниот, опрема за вежбање, звук од пристигнат e-mail на комјутерот – ова се работи кои треба да ги отстраните од спалната соба. Тука дури е вклучен и телевизорот. Спалната соба треба да биде место за читање, спиење и романтични мигови. Отстранете што повеќе предмети кои ве поврзуваат со надворешниот свет. Спалната соба е вашиот храм за релаксација и ревитализација.