Овој креветен свод е дело на белгискиот дизајнер Крис Ван Ден Берг. Со овој параван спалната соба се претвора во чаура, односно во интимна колиба за спиење. Со него може да направите интимен простор во средината на голема соба, како и подобро да го изолирате креветот во вашиот дом во подкровјето.
Собата во соба ненаметливо ќе се вклопи во просторот, а нејзиниот покрив нежно ќе се слева кон подот творејќи во собата декоративен преграден ѕид.