Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон



Квалитетниот сон е од голема важност, како за здравјето, така и за работоспособноста во текот на работниот ден.

Мебелот, материјалите и боите со кои спалната соба е опремена и тоа како може да влијаат на сонот, а со самото тоа и на вашето расположение, бидејќи токму недостатокот на сонот е еден од причините за стресот.

Идеален рецепт за квалитетен сон е креветот да е направен во целост од дрво – без метални спојници. Со тоа се подразбира и подницата на креветот да биде дрвена. Подеднакво важна е и оддалеченоста на телевизорот, компјутерот, мобилниот телефон – минимум 150 до 200 cm од креветот.

Имено, иако не потполно докажано, многу научници сметаат дека креветите изработени од метал го попречуваат сонот. Причина за ова е тоа што металот е материјал кој ги проведува електромагнетните бранови кои често се спомнувани како причина за несоница и главоболки.

Изворите на електромагнетни бранови, како што се претходно спомнатите, телевизорите, мониторите, мобилните итн. се секојдневие во повеќето домови, а металните кревети ги доведуваат тие бранови во близина на организмот кој за време на сонот посебно е осетлив на надворешни влијанија.

Истотака, оптимално решение е душекот да е направен од природни материјали како латекс, волнени или кокосови влакна, јута, итн., кој одлично ќе се прилагодува на телото и на тој начин спиењето ќе го направи пријатно. При купувањето на подницата и душекот, треба да знаете дека најудобни комбинации се – флексибилна подница со помек душек и нефлексибилна подница со потврд душек.

Што се однесува на боите, за спалната соба се препорачуваат топли неутрални и земјени тонови (кафена, боја на песок, боја на вино,...), како и нежни, пастелни бои на зелена, плава и виолетова.

При изборот на сликите и фотографиите, обратете внимание на чувствата кои ги будат во вас. Имено, сликите со премногу активни и вознемирувачки мотиви (на пр. бура, застрашувачки ликови, историски битки, итн.) не е препорачливо да се ставаат на ѕидот во спалната соба. Попрво изберете слика на мирен пејсаж кој ќе ве опушти после напорниот работен ден.

За да сите сетила уживаат, собата намирисајте ја со лаванда или камилица (за опуштање), со рузмарин (за будење), а мирисот на цимет или ружа ќе направи романтична атмосфера.