Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Избор на душек



Спиењето е исклучително важен дел од нашиот живот бидејќи претставува природен начин за регенерација и одмор на нашето тело од секојдневните напори. Притоа, квалитетот на спиење во голема мера зависи од изборот на душекот и подницата на која е поставен.

Квалитетниот избор на душек и подница ќе овозможи прозрачност на вашето легло и правилен распоред на тежината на телото, односно идеална анатомска положба и опуштеност на мускулите во текот на спиењето.



Видови на душеци

На пазарот може да се најдат разни видови и типови на душеци со разни димензии, изработени сo различни материјали и технологии:



Душеците со федери долг низ години го заземаат главниот дел во производството на душеци. Како резултат на долгогодишно проучување и усовршување на душеците, во комбинација со различни материјали, денешните душеци со федери овозможуваат удобно и квалитетно спиење. Главен удел во квалитетот имаат федерите кои ја дефинираат мекоста односно тврдината на душекот, но влијание имаат преслеките и материјалите кои се вградуваат во душекот.
Латекс душеците се изработуваат од природен латекс (добиен од дрвото каучук) или од вештачки латекс (познат и под името хидролатекс или студена пена), со таа разлика што природниот латекс е нешто поеластичен од вештачкиот.

Латексот се изработува во калапи, а отворите, каналите и количеството на внесен воздух ја определува тврдост и прозрачност (пропустливост на воздух). Латекс душеците се покажале како исклучително квалитетни и здрави. Големата еластичност, моменталната прилагодливост на обликот на телото, пријатното чувство на удобност и трајното задржување на обликот се нивни главни карактеристики.


Душеците од полиуретанска пена имаат слични својства како душеците од латекс, со тоа што се полесни и попрозрачни од нив. Мемори пена е материјал на база на полиуретан и е развиен во лабораториите на Американската вселенска агенција НАСА. Кога е вградена во душеците има својство да реагира на топлина, односно под влијание на телесната температура “омекнува” и постепено се прилагодува на положбата и тежината на телото. Ова нејзино својство овозможува растоварувањето од притисокот да биде потполно. Душеците со мемори пена претставуваат вистинско решение за чувството на трнење и болна вкочанетост кои се јавуваат поради слаба површинска циркулација.
Специјални анатомски душеци се прават во комбинација од повеќе материјали и слоеви, во зависност од тоа на кој дел од телото треба да се прилагоди душекот. Повеќето различни зони на удобност и различните степени на потпора овозможуваат душекот да овозможи секакво потребно прилагодување кон телото. Овие душеци се исклучително долговечни и најчесто се клинички испитани.



Избор на душек

Пред да го купите вашиот душек, задолжително пробајте го, односно легнете на грб на него и останете неколку минути во лежечка положба, а потоа свртете се странично или на стомак. Доколку почувствувате дека душекот брзо се прилагодува на положбата на вашето тело, но и притоа не се чувствувате како да висите во вреќа, сте го пронашле вистинскиот. Душекот не треба да се лула, тресе ниту пак да вибрира кога се превртувате или седнувате на него.

Душекот пожелно е да биде 20 cm подолг од вашата висина, а стандардната ширина на душекот за едно лице е 90 или 100 cm. Доколку сте натпросечно високи или крупни, одберете поголема нестандардна димензија бидејќи за изборот на поголемиот или поширокиот душек никогаш нема да зажалите.

При изборот на душекот, треба да се има предвид и подницата на која ќе биде поставен. Доколку подницата под душекот е тврда, купете помек душек и обратно. Подницата во форма на летвички претставува најдобра потпора која овозможува пропуштање на воздух и долг век на траење.

Доколку сте покрупни односно потешки изберете потврд душек кој ќе може успешно да ја носи вашата тежина подолго време. Послабите лица треба да внимаваат душекот да има мека и удобна површина – притисокот врз колковите или рамената кој може да се јави при лежење на тврд душек нема да исчезне со текот на времето. Истото важи и за луѓе кои патат од лоша површинска циркулација: лежењето на тврд душек ќе биде болно за нив, па затоа треба да изберат квалитетен повеќезонски душек.

За лицата во постаро животно доба удобноста е неприкосновен императив при изборот на душекот .

Доколку избирате душек за дете, квалитетен цврст душек од латекс или полиуретанска пена е соодветен избор.

При изборот на душек за брачен кревет, двајцата партнери мора да бидат задоволни со душекот – доколку не успеете да најдете таков, земете два различни. Доколку станува збор за квалитетни душеци тие подеднакво добро ќе стојат еден до друг и нема да создаваат вдлабнување во средината.