Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Како мала спална соба да изгледа поголема?



Спалната соба е место за одмор и релаксација, и својата функција успешно ќе ја заврши доколку во неа има простор за еден кревет и осветлување. Сепак, постојат начини како малата соба да стане визуелно поголема.

Ставете огледало на ѕидот или плакарот – доколку огледалото се протега од подот до таванот и е поставено на површината на целиот ѕид, тоа визуелно ќе ја удвои големината на спалната соба.




Дозволете да влезе природна светлина
– таа ќе овозможи спалната соба преку ден да изгледа попрозрачна и поголема. Во малите спални соби многу често заглавјето на креветот е веднаш до прозорецот. Изберете заглавие кое нема да ја блокира светлината, како што е на пример она со металната рамка.

На ѕидот до заглавјето ставете полици – полиците со книги или украсни предмети ќе го направат малиот просторот поинтересен и ќе внесат живост во него.




Внесете интересен мотив – доволно е малиот простор да се разигра со само еден интересен мотив кој ќе биде присутен на тапетот или тепихот.