Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Осветлување на спалната соба

Спалната соба треба да има осветлување кое ќе овозможи релаксирана атмосфера, а во исто време ќе овозможи да во поедини нејзини делови се чита или се одвива некоја друга активност. За ова најдобра комбинација е еднo главно расветно тело и низа лампи кои ќе овозможат светлоста да може да се прилагоди кон моменталните активности и расположение.

Основното осветлување може да доаѓа од лустер, плафоњерка, светилки од спуштен таван, или од ѕидните светилки кои ќе овозможат пронаоѓање на саканиот предмет во плакарот или ќе обезбедат доволно светло да се облечете.

За плакарите се препорачува индиректно или дисперзирано светло, најдобро во вид на неонски цевки или на низа слаби сијалици поставени на врвот на плакарот.

Лампите на високи подесиви носачи поставени на двете страни на креветот ќе овозможат пригоден извор на светлост за читање, а ќе остават повеќе место на наткасната или на масичката за други работи како што се радио, книги или чаша вода. Алтернативно, покрај креветот можат да се закачат висечки светилки со насочено светло надоле или мали висечки лустери спуштени до висината на узглавието (внимавајте светилките да бидат поставите премногу блиску до ѕидот што ќе создаде непријатен одсјај).

Кај тоалетното столче и комода, може да ставите огледало со радијално поставени светилки (пожелно е да имаат и регулатор за промена на интензитетот на светлината). На тој начин ќе добиете идеално место за шминкање и подесување на облеката и фризурата.