|
Уредување на спална соба:
Совети за уредување на спалната соба
Осветлување на спалната соба
5 "не" кај спалната соба
5 "не" кај спалната соба (втор дел)
Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон
Сочувајте ја интимата под постелата
Природни материјали за посладок сон
Избор на душек
Кога треба да се промени душекот?
Подница на креветот
Како да се избере вистинската перница?
Како мала спална соба да изгледа поголема?
Интересни наткасни во спалната
Складирање во спалната соба
Влијание на боите во спалната соба врз сонот
Спална соба во поткровје
Природа во спалната соба
Клупа во спална соба
Спални соби во скандинавски стил
Мост-плакар околу креветот
Стаклен ѕид во спалната соба
Пастелни бои во спалната соба
|
| |
|
Мост-плакар околу креветот
За да се постави плакар непосредно зад заглавјето на креветот, со што се добива функционално решение во услови на ограничен простор, тој треба да биде конструиран во изведба која наликува на мост.
Оваа парче мебел треба да има одредени модификации за да не ја преплави спалната или детската соба. Тој треба да биде поплиток од стандардната длабочина која изнесува од 55 до 60 cm, па затоа најдобро е затворените елементи да служат за одложување на облеката, а не за закачување.
Ваквиот плакар најчесто се изработува од плочест мебел. Тој зафаќа поголем дел од ѕидот, па затоа тој е пожелно да е со посветли нијанси со мотив на дрво или пак во бела боја.
За да креветот не навлезе предалеку во плакарот, може да се постават полици кои ќе бидат дополнителен простор за поставување на предмети.
Мостот-плакар може да се создаде многу интересен амбиент доколку се постават интересни тапети или иверка со разиграна текстура зад заглавјето.
Фронтовите на плакарот може да бидат на лизгачи или на шарки.
|
|