Уредување на дневна соба:

Совети за уредување на дневната соба

Осветлување на дневната соба

Избор на столици

Камин - топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Избор на клуб-масa

ТВ-комоди

Кауч за удобност на дневната соба

Убавината кај аголните гарнитури

За посветла дневна собa

Маски за радијатор

Вклопување на софата во просторот

Ненаметлива работна маса во дневна соба

Кревет во дневната соба

Создадете мала трпезарија

Клуб маси од трупци

Избор на трпезариска маса

Избор на трпезариски столици

Функционалности на табуретката

Избор на димензија за корниза и завеса

Одделување на кујната од дневната соба

Уредување на празни агли

Низок мебел во ентериерот

Дрво во дневната соба



Вклопување на софата во просторот



Поради своите димензии, софата има силен визуелен ефект на просторот и формирањето на севкупниот амбиент. Еве неколку совети како таа идеално да се вклопи во постојниот простор и да допринесе во создавањето на посакуваниот амбиент.

Доколку софата е поставена во неутрален ентериер, со може со помош на перничињата може да се создадат неколку интересни решенија кои ќе ја вклопат во него. Така, доколку софата е во бојата која преовладува во ентериерот, може да се наредат перничиња со поживи бои. И обратно, доколку софата е со жива боја во неутрален ентериер, перничињата може да бидат во бојата на ентериерот, со што ќе настане визуелно поврзување. Вакви перничиња може да се стават и во случај да имаме две софи со различни бои.












Доколку сакате во поголем просторот да направите издвоено катче, на пример, за релаксација, софа во различна боја од остатокот од ентериерот е одличен избор.

Доколку и софата и поголемиот дел од просторот се неутрални, за да внесете живост во амбиентот внесете табуретки или фотелји во боја. Добар ефект ќе се постигне и со декоративни предмети во боја.




За да ги омекнете строгите линии на правоаголната софа, може да ставите парче мебел со помеки линии, како на пример кружна клуб маса.




Софите со отворени агли најдобро се вклопуваат во „open space” простор, бидејќи минимално го заклонуваат погледот и не го делат просторот, што е главна цел во споменатиот концепт.