|
Уредување на дневна соба:
Совети за уредување на дневната соба
Осветлување на дневната соба
Избор на столици
Камин - топлина со стил
Избор на димензија на маса во трпезаријата
Полици - најкорисен украс во домот
Избор на клуб-масa
ТВ-комоди
Кауч за удобност на дневната соба
Убавината кај аголните гарнитури
За посветла дневна собa
Маски за радијатор
Вклопување на софата во просторот
Ненаметлива работна маса во дневна соба
Кревет во дневната соба
Создадете мала трпезарија
Клуб маси од трупци
Избор на трпезариска маса
Избор на трпезариски столици
Функционалности на табуретката
Избор на димензија за корниза и завеса
Одделување на кујната од дневната соба
Уредување на празни агли
Низок мебел во ентериерот
Дрво во дневната соба
|
| |
|
Избор на димензија за корниза и завеса
За да завесата изгледа онака како што сте ја замислувале, потребно е да ја изберете вистинската димензија за корнизата и завесата. Мерењето најдобро е да се направи со метално метро за подобра точност.
Избор на димензија за корниза
Димензијата на корнизата зависи од начинот на поставување на завесата, односно колкав простор сакаме да покриеме со завесата.
Доколку улогата на завесата е само да го покрие прозорецот, корнизата (или шипката) треба да има димензија 30-40 cm поголема од широчината на прозорецот. Таа треба да биде поставена централно, односно да има 15-20 cm од секој крај на прозорецот.
Доколку завесата се поставува на шипка со украси од двете страни, украсите не се земаат предвид кога се мери нејзината димензија.
Корнизата може да се постави веднаш под таванот, или пак да се постави на висина од околу 15 cm над прозорецот.
Избор на димензија на завесата
Доколку сакате завесата да има многу набори, нејзината широчина треба да биде во однос 3:1 во однос на должината на корнизата, за средно набори 2,5:1, а за минимално набори 2:1.
Висината на завесата е во зависност од начинот на која таа се поставува:
Завршува околу 1 cm над парапетот
Завршува околу 15 cm под парапетот
Доколку завесата оди до подот, постои опција таа да се влече на подот, да се допира или пак воопшто да не се допира, односно да биде околу 1 cm над подот.
|
|