Аголната гарнитура штеди простор и овозможува удобно седење на повеќе членови на семејството и пријателите во споредба со класичната гарнитури со иста димензија.
Модуларните гарнитури, поради својата моќ на трансформација, лесно може да се прилагодат според просторот и моменталните потреби на домашните.
Дури и кога гарнитурата совршено се вклопува во просторот, за промена, таа може да се заврти за 90 степени во една или друга насока, со што ќе се добие нов распоред во дневната соба.
Аголната гарнитура овозможува истовремено удобно одморање во лежечка положба на две лица, а оваа карактеристика е често пресудна за да се одбере.