Уредување на дневна соба:

Совети за уредување на дневната соба

Осветлување на дневната соба

Избор на столици

Камин - топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Избор на клуб-масa

ТВ-комоди

Кауч за удобност на дневната соба

Убавината кај аголните гарнитури

За посветла дневна собa

Маски за радијатор

Вклопување на софата во просторот

Ненаметлива работна маса во дневна соба

Кревет во дневната соба

Создадете мала трпезарија

Клуб маси од трупци

Избор на трпезариска маса

Избор на трпезариски столици

Функционалности на табуретката

Избор на димензија за корниза и завеса

Одделување на кујната од дневната соба

Уредување на празни агли

Низок мебел во ентериерот

Дрво во дневната соба



Кауч за удобност на дневната соба



Внимателно одбраниот мебел за седење е клучот за создавање дневна соба во која ќе се чувствуваме удобно и опуштено. Начинот на кој парчето мебел е поставено во однос на другите истотака е важно, поради создавање приватнен простор или пак место на собирање каде семејството и пријателите можат да седат и разговараат, или да гледаат телевизија.





Каучот кој е идеален за седење на две или повеќе лица, или во кој може едно лице и да прилегне, на дневната соба ќе и даде неслужбен и интимен амбиент. Со двоседите, троседите или со нивно комбинирање подобро се искористува просторот одколку со засебни фотељи. Соодветниот кауч нуди прилагодливо седење и идеален е за соби со неправилен облик.





Столиците и фотељите се совршен додаток на каучот. Столиците за повремено седење ја прават собата интересна. При купување на каучот или фотељата, проверете како се однесува кога ќе седнете. Кога ќе станете, седалото треба да го поприми првобитниот изглед, со што и на друго лице ќе му биде пријатно за седење.





И кај добро обликуван кауч обидете се да откриете што се наоѓа под навлаката, за да бидете сигурни дека и рамката и поставата одговараат на вашите желби. Кога ќе прејдете со рака ореку каучот, ни на едно место, под ткаенината, не треба да се напипа рамката, пружини или оков, бидејќи на тие места брзо ќе се излити.

За создавање на поинтимен амбиент може да изберете кауч со седала кои може да се поместуваат.

Навлаката која може да се пере во машина е идеална во случај кога е со светла боја или ако на неа често седат деца или домашни галеничиња.