Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Осветлување на дневната соба

Дневните соби денес претставуваат повеќенаменски простори во кои се гледа телевизија, се обедува, се јаде, се комуницира или се чита.Доколку дневната соба има прилагоглива шема на осветлување, многу лесно можат да се создадат различни амбиенти за секоја активност.

Истакнување на предметите со осветлување е најсоодветно токму во овој дел од домот, како на пример, истакнување на растенија, книги, слики или мебел.

Кога станува збор за фиксното осветлување, не треба да се претерува со негово поставување бидејќи еден ден можеби ќе се определите за промена на распоредот на мебелот, па тоа веќе нема да биде во потполност функционално.

Еве неколку практични совети за подобро осветлување на дневната соба :

• Употребувајте волфрамови светилки доколку сакате помек и попријатен амбиент;

• Искористете ги столните светилки и поставете ги на рабните делови на собата, на комодите или на полиците. На овој начин ќе се создаде впечаток на пространост и пријатен амбиент;

• Главното светло, т.е. осветлувањето на таванот (лустер или висечко светло, плафоњерка или рефлекторот) треба да биде поставено на тој начин што нема да создава преголеми сенки;

• Ѕидните светилки што фрлаат светлост кон таванот допринесуваат за попријатна атмосфера. Светлоста секогаш е во нијансата на бојата на ѕидот на кој е поставена;

• Ѕидните лампи поставете ги покрај парчиња на мебел кои нема да се поместуваат (камин и сл.);

• Позади фотељата поставете стоечка подна лампа која ќе фрла светлина кон таванот.

• За романтична атмосфера искористете ги ѕидните светла заедно со запалени свеќи.

• Сликите и постерите може да ги осветлите со нисковолтажни лампи со халоген-тунгстен сијалици кои се монтираат на рамот од сликата или на ѕидот, а даваат силно бел сноп на светлост по целата површина на сликата.

• Растенијата и скулптурите можат да се нагласат со лампи насочени нагоре со што да ја фрлаат сенката на ѕидот позади предметите, создавајќи драматична силуета на осветлениот објект.

• Барот може да се осветли од горе со индиректно светло или со низа на насочени светилки закачени така да се чини дека “лебдат“ ниско над површината на барот. Полиците со кристал и чашите можат да се истакнат со употреба на два подесиви извори на осветлување со халоген-тунгстен сијалици. Положбата на светилките треба да биде таква да нивното бело светло се прекршува на кристалните површини.

• Телевизорот и компјутерот побаруваат светло со низок интензитет кое нема да има одсјај и нема да го попречува гледањето. Изберете мини-рефлектори или флуоросцентни извори кои ќе го задоволуваат тој услов и поставете ги така да помеѓу нив и екранот се наоѓа некаков заклон (на пример под полицата).

• За масичката во дневната соба потребно е јасно и изедначено осветлување од страна на извор поставен над неа. Тоа може да биде лустер со ниско поставен абажур или флуокомпактни сијалици сместени во непроѕирните цевка кои би ја насочувала светлоста во еден правец. Можно е и да се постават две такви светилки – по една над секоја половина на масата.