Уредување на дневна соба:

Совети за уредување на дневната соба

Осветлување на дневната соба

Избор на столици

Камин - топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Избор на клуб-масa

ТВ-комоди

Кауч за удобност на дневната соба

Убавината кај аголните гарнитури

За посветла дневна собa

Маски за радијатор

Вклопување на софата во просторот

Ненаметлива работна маса во дневна соба

Кревет во дневната соба

Создадете мала трпезарија

Клуб маси од трупци

Избор на трпезариска маса

Избор на трпезариски столици

Функционалности на табуретката

Избор на димензија за корниза и завеса

Одделување на кујната од дневната соба

Уредување на празни агли

Низок мебел во ентериерот

Дрво во дневната соба



Избор на димензија на маса во трпезаријата


Трпезаријата е простор во домот кој треба да овозможи потполно уживање во вкусно подготвената храна. Основен предуслов за ова е избор на соодветна маса.

Покрај основната намена, трпезаријата е и простор кој често се употребува и за други намени. Најчесто токму таа претставува место за дружба со гостите, која знае да потрае и до доцните вечерни часови.

Поради сето ова, правилниот избор на масата, овозможува чувството на задоволство да биде целосно.

Денес на пазарот има голема понуда на маси, што овозможува оптимален избор за дадена ситуација. Пред купувањето, треба да се дадат одговори на следните прашања:


Кој ќе биде најчесто бројот на лица кои ќе седат на масата - на пример, доколку станува збор за двочлено семејство, не треба да се купува огромна маса. Во друг случај, кога станува збор за повеќечлено семејство, поголема маса преставува нужност. Доколку трпезаријата е предвидена за четиричлено семејство, должината и ширината на масата треба да изнесува барем 90 cm.

Кој ќе биде најчесто бројот на лицата кои ќе седат на масата кога ќе има некое славење (на пр. роденден) – ова е важен податок за да се знае дали треба да се купи маса на извлекување. Доколку се приредува вечера за 8 лица, должината на правоаголната маса треба да изнесува 2 метра.

Која е големината на просторот каде што ќе биде сместена масата – може и да ви е потребна поголема маса, но доколку просторот не го дозволува тоа, ќе мора да се избере помала маса. Треба да се земе предвид и слободниот простор до ѕидот кој треба да изнесува барем 90 cm, што ќе овозможи удобно седење на столот или движење позади него.

Дали е попрактично да се постави кружна или правоаголна маса – ова може да биде чисто естетско прашање, но по правило кружната маса може да се собере повеќе луѓе. Овој број секако ќе биде и поголем доколку масата има и механизам на извлекување.