Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Боење на метални површини


Доколку сакате да обоите некоја метална столица, маса или друг предмет од метал, добро е да се знаат основните карактеристики на боите.

Боите за метал може да бидат акрилни, нитро, алкидни и полиуретански.

Акрилните бои може да се нанесуваат на металот со четка, валјак, шприцање, сунѓер или до намакување. Алкидните и полиуретанските бои може да се нанесат со четка, валјак и шприцање, а нитро – со шприцање, сунѓер или со намакување.

Избор на видот на боја на метал најмногу зависи од локацијата на металниот предмет кој треба да се фарба. Најиздржливи се полиуретанските бои за метал, и тие обично се употребуваат за бродови и чамци.

За фарбање на метални површини, еден литар акрилна или полиуретанска боја е доволен за осум до десет квадратни метри, додека еден литар нитро или алкидна боја е доболен за покривање од шест до осум квадратни метри.

Акрилните бои се суви на допир за четири часа, а целосно за 12 часа. Сушењето на нитро боите на допир е два часа, а целосно е за осум часа, алкидните 12 односно 24 часа, а полиуретанските шест часа на допир, а 12 целосно.

Кај фарбањето на металот треба да се знае дека постојат три компоненти: анбтикорозивна заштита, основан боја и покривна боја. Повеќето основни бои содршат и антикорозивна заштита, па доволно е металот да се премачка со основна, а после со покривна боја. Постојат и премази кои содржат „три во едно” комбинација.

Незаштитените метални површини се изложени на дејството на влага и воздухот кои предизвикуваат корозија. Процесот на корозија се забрзува при присуство на киселини, бази, оксиди и други хемикалии. Со дејството на корозијата металните предмети се оштетуваат површински или целосно. Брзината на напредување на корозијата кај незаштитениот метал зависи од повеќе фактори: видот и должината на изложеност на корозионите агенси, релативната влажност на воздухот, температурата итн. На корозија се подложни сите метали кои не се благородни и нивните легури.

Значи, при боење основната боја има антикорозивно дејство, а покривната боја има декоративна улога. Основните бои за метал обично се во сива или црвена нијанса, додека покривните ги има во широка лепеза на бои.

Вискозитетот на боите се постигнува со разредувач.

Претходно обоените метални површини може да се обноват така што прво ќе се отстрани старата боја – се натопува површината со некој тип разредувач (нитро разредувач, маслен разредувач, разредувач за одмастување), па потоа механички се отстранува старата боја (со брусна хартија, челична четка), па потоа површината се брише со крпа. Нерамнините се порамнуваат со кит и се брусат. На крај се нанесува основа боја, а потоа се нанесува покривната боја.

Кај новите површини најпрво се отстранува нечистотијата – со четка и крпа натопена во разредувач, потоа се бруси со брусна хартија, па се нанесува основната боја, па после периодот на сушење покривната боја.