Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Нитро или маслени бои?


Доколку сакаме некој метален или дрвен предмет да го обоиме и се појави дилема дали да се употреби боја на нитро или на маслена основа, еве неколку информации:

Боите на нитро основа се поотпорни и постабилни на температурни промени од маслените. Доколку се одлучиме површината да ја обоиме со нитро боја, на неа претходно мора да ставиме нитро основна боја. Кај нитро боите предност е фактот дека многу брзо се сушат, но затоа пак поради ова не се погодни за боење во летните горештини (освен ако не станува збор за професионалец со професионален алат). Затоа, во вакви услови подобро е да се земе маслена боја, со која се употребува и маслен разредувач.

Постои основно правило: никогаш на маслена боја да не се нанесува нитро боја, бидејќи маслената боја која е под нитро бојата се збрчкува, пука и се лупи. Затоа, ако површината е премачкана со боја за која не сме сигурни на која основа е произведена, совет е да се иструга малку од премазот и да се потопи во нитро разредувач. Доколку бојата не го смени изгледот, станува збор за нитро премаз. Доколку бојата се згрутчи и се собере станува збор за маслен премаз.

Постојат и специјални Хамерит бои на маслена основа. Кај овие бои не е потребно претходно да се нанесе основна боја, туку тие со железниот оксид (FeO2) создаваат подлога која штити од понатамошно ‘рѓосување. Овие бои се двојно поскапи од нитро и маслените бои, но нивната трајност е двојно поголема.

Исто така, постојат и двокомпонентни бои, кои се прилично скапи, но нивното траење е десетина и повеќе години без дополнителна интервенција. Овие бои се користат за боење на ТВ предаватели и останати антенски системи кои се изложени на временски непогоди, а поради цената не се погодни за широка употреба.