Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Подготовка за бојадисување


Добрата подготовка е многу важен дел од работата пред бојадисувањето на ѕидовите.

Иако подготовката не е најинтересниот дел од бојадисувањето, доколку го направите тоа внимателно, можете значително да си ја олесните работата.




Празнење на собата


Првиот чекор пред бојадисувањето е, доколку е можно, да се извадат сите предмети од собата. Закрчената соба само ќе ви го зголеми стресот и ќе ја отежне работата.

Почнете со ѕидовите – ова ги вклучува завесите, сликите, часовниците и други предмети поставени на нив. Потоа тргнете ги останатите работи како што се мебелот, теписите, украсите и останатото. Доколку не може целосно да се тргне мебелот, поместете го на средината на собата и прекријте го со пластична фолија. Мебелот и подот не го прекривајте со ткаенини, бидејќи бојата се впива во нив, а дамката може да ви остане на предметот кој сте го прекриле.


Чистење на собата

Темелно исчистете ја собата. Исчистете ги теписите со правосмукалка. Измијте го подот. Со влажна крпа исчистете ги прозорските даски и останатата столарија. Доколку има пајажина, исчистете ја од сите агли.

Кога ќе завршите со чистењето, целосно прекријте ја собата со пластична фолија. Рабовите на фолијата прицврстете ги со креп лента.

Исперете ги ѕидовите доколку имаат маснотии или прашина бидејќи бојата не се прилепува добро на валкани и масни ѕидови. На пазарот постојат бројни производи за оваа намена, но тоа може да го направите и со обичен детергент за миење садови и топла вода. Сунѓерестата крпа на телескопска дршка е одлична за чистење на ѕидовите. На крај, исперете го ѕидот уште еднаш со крпа и обична вода за се отстрани детергентот од површината на ѕидот.


Симнување на тапетите


Направете проба на едно парче тапета – поминете со сунѓер натопен со топла вода и видете дали лесно се вадат, за да го избегнете мачното стругање со шпакла со часови. Уште полесно е симнувањето на тапетите со чистач на пареа – врелата пареа ќе го омекне тапетот и тој полесно ќе се одлепи.

Дали тапетите лесно ќе ги симнете или не, зависи од видот на тапетите и од подлогата. Затоа е важно претходно добро да се навлажнат тапетите со топла вода и да се види што ќе се случува. Уште подобри резултати ќе се постигнат доколку во водата се стави омекнувач. Доколку тапетот апсорбира вода, тој полесно ќе се одлепи. Доколку водата не се впива и капе од тапетите, таа не може да продре до лепилото. Во тој случај се препорачува тапетите да се перфорираат со иглест валјак преку сувите тапети. Така водата подоцна полесно ќе продира низ ситните отвори и ќе го омекне лепилото. Наместо вода за омекнување на лепилото постојат и специјални ефикасни производи за вадење тапети.

Кога сте го одлепиле тапетот, површината на ѕидот изгладете ја со фина брусна хартија, а потоа исчистете ја прашината со правосмукалка.


Рамнење на ѕидовите

Глатката површина е битна за убав конечен изглед на ѕидот. Сите откинати рабови, дупки и гребнатини треба да се пополнат со гипс.

Подгответе ја гипс смесата според упатството на пакувањето и со ѕидарска лажица нанесете ја на површината, па загладете. Оставете ја неколку часови така нанесена да се исуши (според упатството на пакувањето).

Со брусна хартија поминете го ѕидот, а по потреба повторете го претходниот процес, за да површината во целост биде рамна.

Со гипсот закрпете ги само помали оштетувања, како дупки од клинци и сл. За пообемна завршна обработка на ѕидовите контактирајте професионалци, освен ако не сте уверени во своите ѕидарски способности.


Лепење на заштитни ленти

Лепењето на заштитни ленти е многу корисно да се направи пред бојадисувањето. Тоа е најдобар начин за да ги заштитите површините кои не сакате да бидат обоени, како што се столаријата, прекинувачите, соседниот ѕид и сл. Најдобро е рабовите на тие површини да ги залепите со креп лента, која може да ја набавите во продавниците за бои и лакови. Кај другите лепливи ленти постои опасност од оштетување на површината при вадење на лентата.

Кога ќе ја поставите лентата на ѕидот, поминете преку неа со ѕидарска лажица за да се спречи поминување на бојата под лентата.

Откога ќе завршите со подготовките, создадени се услови за брзо и лесно бојадисување.