Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Бојадисување на дрвени површини


Доколку сакате да ги освежите дрвените површини со нова боја, еве неколку совети за процесот на бојадисување.

Најпрвин, поставете најлони или стари весници за да спречите валкање на просторијата во која ќе работите. При бојадисувањето користете заштитни ракавици и маска.

На почетокот, најдобро е целосно да се отстрани старата боја или лак за да новите премази едноставно не “паднат”. Доколку станува збор за дрвена површина која претходно не била бојадисана, овој чекор се прескокнува.

Постојат специјални средства за вадење на боја кои може да ги набавите во продавниците за бои и лакови. Со четка или валјак се нанесуваат на површината од која треба да се отстрани бојата, а потоа истата може лесно да се отстрани со шпакла.

Откако ќе се отстрани бојата, исчистете ја површината со шмиргла. Прво употребете погруба (60-80 зрна по m2, а потоа пофина, односно 150-200 зрна по m2). При брусењето треба да се следи структурата и обликот на дрвото. Обработувајте го дрвото во насока на линиите на структурата на дрвото, а не накосо.

Пред да започнете со нанесување на подлогата, целата површина избришете ја со влажна (но не мокра) крпа за да се отстрани прашината и останатата нечистотија. Подлогата не е задолжително да се нанесува, но особено е препорачливо кога дрвото треба дополнително да се заштити од гави, мувла и инсекти.

Подлогата обично се нанесува во два слоја (следете го упатството на производителот). Првиот слој треба да биде многу тенок, а вториот подебел. Треба да биде нанесена рамномерно за да се овозможи и рамномерно впивање на бојата. Секој слој треба целосно да се исуши, за што е потребно околу 30 минути.

Кога подлогата е целосно сува, може да се прејде со бојадисување во саканата боја. Претходно, поминете ги сите површини со фина шмиргла (околу 200) за да се отстранат и најмалите нерамнини.

Бојата обично се нанесува во два или три слоја, почнувајќи со најтенкиот. Доколку боите во три слоја, првиот слој се нанесува во линија на структурата на дрвото, а кога бојата ќе стегне (за околу 15-20 минути), почнете со втората рака. Таа се нанесува накосо, додека третата , како и првата, се нанесува во правец на линиите на структурата на дрвото.

На крај, оставете да се исуши бојадисаната побршина преку ноќта.