Сам свој мајстор:

Поправка на вдлабнувања кај дрво

Боење на метални површини

Граничник за бургија

Како безбедно да заковате клинец

Бојадисување на дрвени површини

Подготовка за бојадисување

Нитро или маслени бои?

Вадење на скршен клуч од брава

Поставување на типла во ѕид

Отстранување на боја од дрвенарија

Кога шарките веќе не држат

Одвртување на пукната сијалица

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Кога запнува фиоката

Поправање на гребнатини на мебел

Поставување на ламинатни подови

Лепење на керамички плочки

Дефекти на фрижидерот и нивно отстранување

Дефекти на машината за перење алишта и нивно отстранување

Спојување на гипс плочи

Одзатнување на одводот кај мијалникот

Совети за лепење тапети

Поправка на казанче кај WC шоља

Одледување на замрзнувачот

Отстранување на наслагите од каменец



Граничник за бургија


При дупчењето на отвори во материјалот или ѕидот, во кои ќе се постават шрафови или типли, овој додаток помага за да не се надмине предвидената длабочина на дупчење.

Граничникот за бургија е метален прстен кој се прицврстува на бургијата со имбус шраф. При негова набавка треба да се знае дијаметарот на бургијата за да се избере соодветниот.

Принципот на употребата на граничникот за бургија е едноставен – граничникот се поставува на потребното растојание, односно длабочина на дупчење, кое се мери од врвот на бургијата. Се прицврстува со стегање на имбусот. Со дупчењето треба да се прекине кога прстенот ќе го допре материјалот.

Доколку немате при рака граничник за бургија, а дупчењето не бара прецизна длабочина на дупчење, може да залепите и креп лента или друг вид лента на бургијата на саканото растојание. Притоа лентата залепете ја како знаме, со што ќе биде поуочлива, но исто така и ќе испушти звук при допир со дупчената површина.