
Поради староста на мебелот и честата употреба, многу често се случува шарките кои ги држат вратите од елементите да испаднат поради тоа што завртките кои ги држат во вратите се олабавиле.
Проблемот настанува кога после неколку притегнувања, отворот во коj се наоѓа завртката станува толку широк што завртката не може веќе да држи.
Во ваков случај извадете ја вратата и шарките, набавeте дрвофикс или некое слично лепило за дрво и земете неколку чепкалки. Во секој отвор ставете малку лепило и ставете неколку чепкалки. Сето тоа оставете го 24 часа за да добро се засуши и стврдне. Со скалпел или со остар нож отстранете го вишокот од чепкалките.
Шарките притегнете ги со завртките и поставете ја вратата. Ова решение не е трајно, но ќе биде доволно за одредено време.