Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на ходникот



Многу често се случува да не се посвети доволно внимание во уредувањето на ходникот, а тоа е всушност местото за добредојде и просторот кој ги поврзува останатите простории во домот. Но ако правилно го решите осветлувањето во него, ќе добиете пријатен простор без многу вложено време и инвестиции. Најчесто ходниците се сместени во внатрешноста во зградата и немаат природно осветлување. Потребата од постојано осветлување ќе ја решите со двојно осветлување.

Долгите и тесни ходници е најдобро да се осветлат со плафонско светло, а може да се употребат и ѕидни светилки. Употребата на лента од ЛЕД осветлување на рабовите од плафонот можеби е едно од најатрактивните и најквалитетните решенија со оглед на долготрајноста и квалитетот. Друго решение се плафонските светилки и лустери, но треба да внимавате да ја прилагодите големината на светлечките тела на големината на ходникот. Неколку мали висечки светла поставени на еднакви растојанија ќе дадат изедначено осветлување, а ќе бидат и декоративни. Кај ходниците со квадратна форма плафонското осветлување најчесто е централно поставено.

За да постигнете двојно осветлување може да ги групирате светилките на парни и непарни и да ги раздвоите со прекинувач. Така дел од нив ќе може постојано да светат кога ќе има потреба од слаба светлина. Секако кога ги гледате светилките на плафонот, тие мора да го пратат обликот на просторијата. Ако имате поголем ходник тогаш може да поставите мала масичка или полица на која ќе поставите и ламба за постојано осветлување.

За ходниците со слободни ѕидови може да употребите и ѕидни светилки како вертикални ЛЕД ленти кои ќе се протегаат по целата должина на ходникот. Дури и еднострано поставените светилки ќе дадат добро осветлување, а воедно ќе го украсат просторот без додатни декорации.

Во некои станови се случува да нема точно определен простор за ходник на влезот и таму е сместена трпезаријата. Поставете голем лустер над трпезариската маса и неколку ѕидни ламби рамномерно распределени на ѕидот покрај патеката за поминување, па ќе успеете визуелно да го поделите овој простор на дел за комуникација и дел за обедување.