Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Колку светлина е потребно за една просторија?


За да се определи оптималното количество на светлина во една просторија со стандардна висина (околу 265 сантиметри) може да се употреби формула, која целосно е изведена врз основа на математичка пресметка.

Пресметка за класични сијалици - вкупна моќност

Сè што е потребно e да се измери ширината и должината на просторијата, а измерените мерки да се изразат во стапки (1 m = 3,28 стапки). После ова, мерките изразени во стапки се внесуваат во следната формула:

Ширина на просторијата (во стапки) x должина на просторијата (во стапки) x 1.5 = јачината на светлоста која одговара изразена во вати (W).

На пример, количество на светлина кое е потребно за една просторија со големина
3 x 4 m, ќе го пресметаме на следниот начин:

4 m= 13 стапки (заокружена вредност)
3 m= 10 стапки (заокружена вредност)

13 x 10 x 1.5 = 195 W

Значи, оптималното количество на светлина за просторијата е 195 вати од конвенционални сијалици, односно соодветна противвредност доколку станува збор за таканаречените “штедливи” сијалици.


Пресметка за штедливи и класични сијалици изразена во лумени

Кога зборуваме за јачина на осветлување, треба да знаеме дека две различни различни светлечки тела со иста моќност може да даваат различна јачина на светлина. Ова особено важи ако споредуваме штедлива и класична сијалица. Така, една штедлива сијалица со можност 20 W може да емитува светлина од 1400 лумени, додека квалитетна класична сијалица од 40 W емитува само 400 лумени. Лумените се наведени на амбалажата на скоро сите расветни тела.

За една просторија со димензии
3 x 4 m и стандардна висина, потребно е јачина на светлина од најмалку 1200 лумени, односно најмалку 100 лумени на квадратен метар.