Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Осветлување на трпезаријата

Осветлувањето во трпезаријата треба да е комбинација од директно и индиректно осветлување кое ќе одговара на цела низа од ситуации како што се обедувањето, семејните прослави, детска игра и други активности. Одлично решение претставува вградувањето на регулационите прекинувачи кои ќе овозможат во секоја пригода да може да се прилагоди интензитетот на светлото според ситуацијата.

Над трпезариската маса треба да доминира лустерот како главен извор на осветлување за обедување, но и како декоративен елемент кој ќе ја истакне убавината и складноста на трпезарискиот мебел. Во свечените пригоди намалете го осветлувањето како би се добил впечаток на “вечера под свеќи“. Овој лустер би требало да има таков облик, односно таков вид на абажур кој ќе овозможи површината на масата под него биде јасно и силно осветлена, додека ивиците на масата да бидат осветлени со нежно, заматено светло кое нема да им пречи на лица кои седат под него.

Точкастите извори на светлост како што се поединечните фокусирани ламби на тенките држачи или на жичаниот прстен над масата ја дополнуваат насочената светлина на лустерот и овозможуваат да ги осветлите и останатите точки во трпезаријата. Притоа чисто белата светлина на халогените светилки со влакна од тунгстен е идеална за истакнување на убавината на кристалните чаши или на сребрениот есцајг во свечените пригоди.

Шанкот или барот најубаво е да се осветли со ѕидни светилки или со мини-рефлектори поставени од една негова страна. Ускладете го светлото на овие светилки со осветлувањето на лустерот. Доколку сакате да истакнете некои предмети, на пр. полица со шишиња за жесток пилјалок, искористете ги насочените сијалици од таванот.

Сликата може да ја нагласите со драматично светло од подесивите висечки ламби. Бирајте лампа и големина на сијалиците така да одговараат на големината на платното кое сакате да го осветлите.

Долапот во ѕидот или полицата може лесно да стане изложбен простор за вашите украсни детали ако под секоја полица вградите низ од слаби светилки кои ќе ги осветлат толку доволно за да го заинтересираат окото на набљудувачот.

СОВЕТ: Не ставајте јаки сијалици во трпезарискиот лустер во желба да ја истакнете масата и предметите на него. Со тоа само ќе ја зголемите топлината под лустерот и непријатниот одсјај на масата. Во овој случај подобро да побарате адекватна топка или абажур кој ќе го даде саканиот ефект со послаба сијалица.