Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Светлосни трикови

Расветните тела претставуваат исклучителен декоративен елемент, кои можат да се покријат некои недостатоци во домот, а истотака и да ги истакнат сите негови убавини.

Распоредот на расветните тела треба да биде доволно флексибилен за да може да се создадат различни амбиенти во различни периоди од денот. Различната насоченост на светлата може да го менува и изгледот на просторијата, особено кога станува збор за нејзините димензии, како и изгледот на боите.


Доколку сакате собата да ви изгледа попространа:

• Искористете ги ѕидните светилки кои ја насочуваат светлоста кон таванот (upplighter). Доколку таванот е обоен со некоја посветла боја и ефектот ќе биде поинтензивен;

• Осветлете ги сите четири агли од просторијата;

• Во еден дел на собата поставете светлосна површина (на пример, пресвлечена рамка позади која ќе ставите извор на светлост ) за да привлечете внимание. На тој начин ќе направите просторијата да изгледа поголема.


Доколку сакате собата да ви изгледа повисока:

• Употребувајте највисоки вертикални зраци на светлост;

• Спуштете ги светилките на таванот ниско (лустерот или висечките светла).

 

Доколку сакате собата да делува попријатно:

• Во големата соба со висок таван поставете неколку мали столни лампи за да создадете низа од мали и ниски извори на светлина што ќе допринесе собата да делува потопло и попријатно.

• не го осветлувајте таванот.