Осветлување на домот:

Вовед во осветлување на домот

Избор на расветни тела

Осветлување на дневната соба

Осветлување на трпезаријата

Осветлување на спална соба

Осветлување на кујната

Осветлување на бањата

Осветлување на детската соба

Светлосни трикови

Колку светлина е потребно за една просторијата?

ЛЕД осветлување

Вградување на осветлување во мебелот

Нивоа на осветлување во кујната

Убавината на подните ламби

Осветленост на просториите во домот

Екстериерно осветлување

Амбиентално осветлување за добра ноќ

Осветлување на ходникот

Природна светлина во домот

Совети за посветол дом

Осветлување на домот

Осветлување на бањата

Во бањата осветлувањето треба да е силно и изедначено, без сенки, за да условите за извршување на вообичаените активности (средување на фризурата, шминкање, бричење и сл) бидат идеални.

Во помалите бањи, светлата над огледалата се доволни да ја осветлат целата просторија, а кај поголемите бањи потребно е и осветлување од светилки на таванот. Во тој случај опција се и сијалици со зрачење во инфрацрвен спектар, кои покрај осветлувањето ќе имаат и улога на мини-греалки, што може да биде исклучително корисно во студената бања.

Ако имате мало огледало, набавете две мали светилки и поставете ги од двете страни на огледалото така што целото лице да ви биде осветлено рамномерно. Светилката може да ја поставите и над огледалото, но во тој случај подобро е да изберете куса неонска цевка или сијалица заклонета со проѕирна пластика. Притоа светлото треба да биде изедначено (а не трепераво).

Бојата на светлото треба да биде природно бела – класичните жолти сијалици треба да се избегнуваат бидејќи овозможуваат реална слика при шминкањето.

Полукружниот низ на сијалици околу огледалото ќе ви пружи квалитетно осветлување какво што имаат холивудските ѕвезди. Користете матни сијалици за да го избегнете одсјајот.

Доколку над кадата или кабината постојат места на кои може да дојде вода, испланирајте индиректно осветлување, односно заматено светло кое ќе ве осветлува во текот на капењето (кадата и туш кабината обично слабо се осветлени поради завесите или пескареното стакло кои не го пропуштаат главното светло од купатилото). Доколку имате хидромасажна када или џакузи, ефектното осветлување е скоро задолжително за да го надополните доживувањето. Над кадата или во туш кабината за дополнително осветлување може да се постават неонските лампи со водоотпорните пластични куќишта.