
Осветлувањето на просторот со природна светлина внесува ведрина и подобро расположение за домашните. За да домот биде подобро осветлен со природно светло, еве неколку совети како да се постигне тоа.
Најпрво, треба да се дозволи светлината да влезе во домот. Подобро осветлување на просторијата има кога прозорците се чисти, со што се овозможува непречено навлегување на светлината. Користите завеси кои пропуштаат светлина, а истовремено сокриваат од љубопитни погледи.
Просторијата во пастелни и посветли бои подобро ќе биде осветлена со природна светлина од просторијата во која доминираат темни бои. Светлите бои подобро ја рефлектираат светлината од темните бои.
Сјајните парчиња мебел овозможуваат поголемата рефлексија на светлината, па затоа тие ќе допринесат во расветлување на просторијата. Притоа површината на површините треба да се одржува чиста за да се овозможи подобра рефлексија.
При планирањето на распоредот на мебелот внимавајте прозорците да не бидат затскриени од мебел или други предмети, со што ќе се намали површината на изворот на природна светлина, а со тоа и природното осветлување.