Особено важен фактор е осветлувањето. Доколку просторијата има добро осветлување (природно или вештачко), бојата и нијансата на темниот паркет нема да игра пресудна улога. Но доколку е слабо осветлувањето, добро е да се изберат посветли нијанси на темен под.
Исто така важно е да се обрне внимание и на бојата на ѕидовите. Доколку ѕидовите се бели, а подот е темен, треба да внимава да не се дојде до ситуација кога ѕидовите ќе изгледаат како еден вид на капа, која ќе го ограничи чувството на просторност и широчина.
Ова особено треба да се внимава кај помалите простории. Затоа, бојата на ѕидовите кај помалите простори со темни подови треба да се надоврзува на бојата на подот. Притоа најпогодни се земјените нијанси, светли нијанси на сина, зелена, виолетова... Може дури и еден од ѕидовите (не оној каде што е прозорецот) да се обои во темна, топла боја.
Треба да се знае дека темните подови не одговараат со темни парчиња мебел, па затоа треба да се избере мебел во светли бои. Ова особено важи кај оние подови со висок сјај.
Темните подови не треба да се пренатрупуваат со теписи и простирки. Тие одлично ќе изгледаат и без тепих. Доколку се одлучите за некоја простирка, нека биде во светла боја и со помали димензии.
За крај, треба да се знае дека кај темните подови, особено кај оние со висок сјај, секоја несовршеност и нечистотија е видлива, па затоа бараат почесто одржување за да го зачуваат својот убав изглед.