Избор на подна облога:

Вовед

Паркет

Плочки

Линолеум

Ламинат

Теписи

PVC подни облоги

Плута



Останати совети:

Полиран бетонски под

Соборени рабови на паркет

Избор на темен под

Предности и недостатоци на пливачки паркет

Замаслени дрвени подови

Обоени дрвени подови

Надворешни дрвени подни облоги

Подови од тиково дрво

Егзотични паркети

Парење на дрвото кај буков паркет

Егзотичен паркет макасарски абонос

Правец на поставување на дрвени подови

Дрвен под во кујната: да или не?

Избор на подна облога


Линолеум

Линолеумските подови ги карактеризираат отпорност, долговечност, лесно одржување, еластичност, топлинска изолација како и својство да ги пригушуваат звуците.

Суровини за производство на линолеум се маслото од лен и соја, кои заедно со смесата од талк, плута и дрвено брашно се пресуваат под висок притисок на опачината на подлогата од јута.

Покрај многуте позитивни особини, линолеумот има и слаби страни: чувствителен е на влага и неговата цена е релативно висока. Интензивниот мирис истотака е помал недостаток кој се јавува поради лененото масло – најсилно се чуствува после поставувањето, а подоцна исчезнува. Мирисот се ублажува, и се забрзува неговото исчезнување, со загревање и често проветрување на просториите каде што е поставен.

Во тек на производството во основната маса се додаваат пигменти на земјени и минерални бои, па така на пазарот може да се најде линолеум во широка палета на бои. Лесно може да се крои и реже, со што неговото поставување е олеснето.

Линолеумот е погоден за сите видови на станбени простории, а најчесто место за негово поставување се спалните и дневните соби. При допир со боса нога пријатен е и топол. Отпорен е на нечистотии, масло и маснотии, а и лесно се чисти, па затоа е погоден и за кујните. Сепак не се препорачува да се поставува во влажни простории. Поради чувствителноста на влага, и тоа од долната страна, најголемо внимание треба да се посвети на подготовката и сушењето на подлогата на која ќе се постави. Исто е важно и доброто составување ако постојат две ленти, како и заштита на рабовите што се до ѕидот, поради спречување на појава на влага.

Линолеумот се мие едноставно - со мека крпа, топла вода и благ раствор на универзален детергент или течен сапун. Не смеат да се употребуваат агресивни средства за чистење и остри четки кои можат да ја оштетат фината површина. При миењето треба да се внимава кај споевите да не продре вода под линолеумот, што може да предизвика негово бавно, но незапирливо трулење.